Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.787.242 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 109.288, а оздравеле 406.138 луѓе.
Јужна Кореја – Во Јужна Кореја, во последните 24 часа се пријавени 32 нови случаи на инфицирани со што продолжува трендот на намалување на дневниот број на заразени лица. Центарот за контрола и превенција на инфективни болести соопшти дека вкупниот број на заразени лица се искачи на 10.512. Бројот на жртвите се зголеми за три на 214. Досега се опоравиле 7.368 пациенти во земјата.
Саудиска Арабија – Кралот на Саудиска Арабија одобри продолжување на полицискиот час поради брзината со која се шири вирусот. Полицискиот час беше воведен на 23 март од седум часот навечер до шест часот наутро за да се спречи ширењето на новиот коронавирус. Минатата недела Саудиска Арабија воведе 24-часовен полициски час во Ријад и другите поголеми градови. Регистрирани се 4.033 случаи на заразени и 52 смртни случаи пријавени во таа земја
Мексико – Во Мексико се регистрирани 375 нови случаи на коронавирусот, вкупно 4.219 заразени. Министерството за здравство соопшти дека 273 лица починале досега од вирусот.
Црна Гора – По анализатна 141 примерок во лабораториите на Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови четири случаи на инфекција со новиот коронавирус. Досега се регистрирани 267 заразени со тој вирус во државата.
Украина – Бројот на заразени со новиот коронавирус во Украина е зголемен за 266 лица на 2.777 во изминатите 24 часа. Досега се регистрирани 83 смртни случаи, додека оздравеле 89 пациенти.
Во Њујорк 85 лица биле хоспитализирани поради коронавирусот вчера, што е најмал број од 16 март, изјави гувернерот Ентони Куомо и додаде дека на почетокот на овој месец тој бил повисок од 1.000. Во тој град 400 луѓе ги загубија животите во петокот и саботата, рече Куомо, потсетувајќи дека пред четири дена 1.000 луѓе починале за 36 часа во градот.
Kина – Властите соопштија за уште 99 случаи на инфекција со коронавирусот, од кои 97 се наоѓаат во провинцијата Хелонгџианг на границата со Русија. Нема пријавено смртни случаи. Досега во Кина починаа 3.339 лица од вкупно 82.052 заразени со вирусот. Други 1.168 лица се изолирани затоа што се тестирани позитивни за вирусот, но не покажале никакви симптоми на болеста.
Бугарија – Бугарите од денеска ќе треба да ги покриваат устата и носот со заштитни маски, според наредбата донесена бидејќи владата стварува од зголемување на бројот на заразени за време на велигденските празници. Владата сака задолжително носење маски на јавни места задолжително до 26 април, а од оние кои немаат маски се очекува да најдат друг начин да ги заштитат своите дишни патишта.
Русија – Во државата се регистрирани 2.186 нови случаи на заразени со коронавирусот. Тоа е најголем број за еден ден од почетокот на епидемијата. Вкупниот број заболени е 15.770. Бројот на смртни случаи е зголемен од 24 на 160, соопшти рускиот Кризен центар за борба со Ковид-19.
Филипини- Регистрирани 50 нови смртни случаи од коронавирусот, што е највисока цифра за еден ден, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата. Вкупниот број смртни случаи во таа земја е зголемен на 297. Пријавени се 220 нови случаи на заразени, со вкупно 4.448.