• Latest
Добро утро со Орданоски

Социјалистичка Република Северна Македонија

February 10, 2022
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Социјалистичка Република Северна Македонија

Нашата држава е секогаш тука на услуга, а политичарите се 24/7 „слуги на граѓаните“! „Државата“, всушност, е власта – кој и да е на власт – а власта, во принцип, сака да остане на власт, расположена е на сите да им излезе во пресрет, да им учини, да ги субвенционира, да ги дотира, да ги компензира, да ги корумпира, да ги клиентизира, да направи сѐ што треба за да им ги добие гласовите на идните избори

February 10, 2022 06:53
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Можеби е погрешно времето – комбинација од двегодишна пандемиска, енергетска и камуфлирана инфлациска криза, плус сѐ друго што ќе ви падне на памет – да се проговори за тридеценискиот правец во кој се развива македонскиот примитивен капитализам, но токму „перфектните бури“ на комбинацијата од разни долгогодишни лоши трендови се вистинските околности во кои пука кај што е „најтенко“.

Бидејќи, после 30 години од падот на комунизмот и крајот на социјализмот, денеска сме веројатно најблиску до таму од каде што почнавме пред три децении: блиску сме за да ја заокружиме семоќната, омнипрезентна, семајчинска и сетатковска држава во која таа е најголемиот работодавач, најбогатиот „капиталист“, најкрупниот „бизнисмен“, главниот земјопоседник и единственото место каде луѓето исклучиво се обраќаат за да си ги решат проблемите за сѐ и сешто што ги мачи во секојдневието.

Немаш работа – државата да ти ја најде. Паднале цените на производите – државата да ја компензира разликата на производителите. Се покачиле цените на производите – државата да ја компензира разликата на потрошувачите. Имаш ниска плата – државата да ти ја покачи. Имаш висока плата – државата да ги смали давачките за повисока плата. Скапи се становите – државата да купи по еден за сите. Произведуваш глупости – државата да ти гарантира откуп. Не произведуваш ништо – државата да ти помогне да почнеш да произведуваш глупости. Ти угинале кравите или козите – државата да ти купи нови. Удрил град, а ти немаш осигурување – државата да ти надомести и да ти плати осигурување. Лоши ти се прозорците и вратите за изолација – државата да ти купи пурпена. Нема вакцини – државата веднаш да ги набави (нормално, па таа и мора тоа да го направи). Има вакцини и за фрлање – не сакаме да се вакцинираме, државата не може да нѐ принудува на тоа, ни ги гуши човековите права… И така натаму и на тоа слично.

Државата, државата, државата… Сите дома чуваат по една врамена слика на премиерот (бившиот, сегашниот, идниот) со запалено кандилце под неа, бидејќи тој е Таткото на семејството, бабицата за пораѓање, нашата бејбиситерка, воспитач/ка, „рамо за плачење“, советник за разводи и бракови, бизнис-консултант, доктор за сите болести, а и дрва би требало да ни нацепи, бидејќи е поголем од Господ. Груевски беше „строгиот, ама праведен Татко“, Заев одговараше на по 500 пораки дневно и за градежната општинска инспекција што треба да руши некоја тераса-дивоградба, а некни и Здружението на средношколци најави дека ќе бара средба со Ковачевски за директно со него да си ги реши тинејџерските образовни барања. На владината влезна врата треба да се сменат шарките и кваките, да се стават оние како во хотелските мензи, на туркање со нога и лакот, бидејќи нема механизам што може да издржи толку интензивно дневно отвори-затвори од колоната преговарачи, клиенти и владомолители.

Нашата држава е секогаш тука на услуга, а политичарите се 24/7 „слуги на граѓаните“! „Државата“, всушност, е власта – кој и да е на власт – а власта, во принцип, сака да остане на власт, расположена е на сите да им излезе во пресрет, да им учини, да ги субвенционира, да ги дотира, да ги компензира, да ги корумпира, да ги клиентизира, да направи сѐ што треба за да им ги добие гласовите на идните избори. По цена на урамниловки, на негување просек и потпросек, одржување општо преживување на сметка на способните и успешните, оти тие се помалку од гласачката машинерија на просечните која ја држи власта на власт.

И не дека државата не треба да биде солидарна или социјално одговорна, да помогне секому каде што може, но ако на ТОА ѝ се сведе најголемиот дел од буџетот, тогаш простор за друга, суштинска развојна политика, нема.

На пример, актуелно, по подигнувањето на минималната плата на 18.000 денари, сега Синдикатот на УПОЗ се заканува со генерален штрајк ако соодветно и скалесто не се дигнат платите во целата државна администрација. УПОЗ е во право. Бидејќи државата со децении никого не отпушта од државна работа, туку секоја власт само довработува „свои“ гласачи за на избори – сега тие луѓе, нормално, бараат повисока плата. А за државните работници би имало многу повисока плата, да сакаше државата да го намали нивниот број, макар за по 500 души годишно (секако ги има многу повеќе кои „клатат врата за да земаат плата“), што за последните 30 години ќе значеше денеска да имаме барем дваесетина илјади помала, подобро платена и пофункционална државна администрација. Ама, бидејќи државата е и мајка и татко за сѐ во општеството, и овој број на државна администрација е малку – па СДСМ пред секои избори ветува дека НИКОГО нема да отпушти од работа! И имаат ниски плати. И немаат стимул за работа. И лошо работат, бидејќи за тие пари и не можеш да очекуваш дека некој, во просек, би работел подобро и повеќе, а се и корумпирани за да си ги дополнат месечните приходи за преживување. Затоа и поквалитетните не се нафаќаат за државна работа. Кругот е затворен.

Наместо државата (со години наназад) да преговара со УПОЗ за адекватни програми и услови за намалување на државната администрација, за сметка на нејзиниот квалитет и ефикасност, сега ќе мора да преговара за повисоки мизерни плати – и тоа за некакви бедни 10-20 евра месечно по вработен. Купи ден, помини избори, тие барем ги имаме секоја година.

Затоа е Македонија денеска најсоцијалистичката држава на Балканот, на која соседските вета за ЕУ интеграции ѝ доаѓаат како одличен изговор (за сите нас, поединечно) за неуспешноста да спроведеме внатрешни реформи. Ова го кажувам со големо сочувство кон големиот број наши сограѓани кои живеат тешко, скромно, сѐ потешко врзувајќи крај со крај во месецот. Затоа и сентиментално се сеќаваме – оние кои тоа го паметат – на „подобриот живот“ во претходниот социјалистички систем…

Ама забораваме дека таа општествена надолна спирала монументално пропадна пред 30 години. Нео-либералниов капитализам има сто лоши, ужасни страни, но лекот за него не е пост-мортем развивањето на социјалистичката држава со својата левијатанска улога во општеството, од раѓање до умирачка. Проверено.

 


Сите права се заштитени. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ