• Latest
Добро утро со Орданоски

Социјална патологија на четири тркала

January 28, 2022

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Социјална патологија на четири тркала

Сите ние сме по малку влезени во налудничавото возење по скопскиве улици, брзаме предвреме да се сретнеме со својата и туѓите судбини, нервозни, деконцентрирани, невнимателни, нељубезни, многумина и прилично цврцнати... Илјадници – велат полициските статистики – немаат ни возачки дозволи, а на стотици автомобилите последен пат им виделе техничка регистрација со прекланскиот снег

January 28, 2022 07:20
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Прилично одамна поседувам еден џип, форд експлорер (црвен, спортска едиција!), кој годинава го тера своето уредно регистрирано 32-ро лето откако е произведен. Своевремено, го набавив, со мала помината километража, од една прекрасна – и како човек и како врвен дипломат –  германска амбасадорка во земјава која го купила за време на својот дипломатски стаж во Њујорк, а потоа амбасадорски го возела во една живописна африканска земја, пред да дојде на служба во земјава. (Таа, во секој поглед, грамадна жена, вистински врвен интелектуален и вински коносер, повеќе физички не е со нас, но сигурен сум дека сѐ уште е во мислите на многумина овдешни нејзини пријатели…)

Тој модел на форд, во 90-тите од минатиот век, беше најпродаваниот џип во „Земјата на погонот на 4 тркала“, САД. Станува збор за неспорен ѕвер: тежок околу два-три тони (зависно како сум се најал дента), со мотор од 4,5 илјади кубици и сѐ уште респектабилни 150-160 коњски сили, дига стотка за помалку од 10 секунди (зависно како сум се најал дента), а сум корнел дрва со него, заврзани за задната кука, за кои и багери добро би се замислиле!

Имам неколку пријатели и познаници кои, колку што ме молат, уште повеќе ме колнат што не сакам да им го продадам, ама јас им велам да не се секираат, бидејќи како старее, фордот станува сѐ поскап, па планирам кога еден ден ќе им го понудам на наддавање, покомотно да проживеам барем неколку пензионерски години, оти од државната пензија што би ми следувала не ќе можам ни еднаш месечно до бензинска да го провозам.

Елем, за што е целава приказна…

Мојот форд експлорер има една мала, но опасна тајна: предниот одбојник (браник, де!) му е, на прв поглед, од некаква композитна пластика, што ли, но ако се наведнете и погледнете зад таа маска, ќе видите дека под неа има една бабачко дебела метална шипка што повеќе наликува на трамвајска шина!

Е, па, потсвесно, таа шина е причината поради која џипот поретко го возам по скопскиве улици: ако се случи на време да не притиснам на сопирачките, со него би можел со леснотија да влезам до предните седишта на кој било модел од денешниве налицкани и скапи автомобилски ламарини што се тркалаат низ градов. Фордот не би се ни огребал, ќе треба само предната табличка да му ја испеглам! Ако ме разбирате што сакам да кажам…

Вообичаено, јас фордот си го возам како Драјвинг Мисис Дејзи, полецка и внимателно, но понекогаш, макар на миг, си мислам дека џипов е адекватното оружје за воведување ред во сообраќајниов хаос низ Скопје! Уште ако му заварам и некаков гусен радијатор напред на шината, баш би бил добар за корегирање на агресијата со која се вози низ градов: како не ми налета некој од овие што јурат по улициве, што се паркираат кој каде ќе стигне, што возат „без раце“ додека разговараат-на-телефон-пушат-цигара-и-чачкаат-нос истовремено, што семафорите и пешачките премини ги третираат како необврзни, советодавни сообраќајни помагала, а стотиците други возачи како животни непријатели кои им го успоруваат патот до следното кафе што треба некаде да го испијат…

А, веќе следниот миг морници ме облеваат, си велам – каква атавистичка, агресивна будала мора да сум и самиот што си дозволувам да се изнервирам до мерка да си помислам дека сообраќајната правда може да се земе во свои раце, што сигурно би резултирало со некаква корекција на овдешнава улична демографија. Тоа не може да е начинот!

Зборот ми е, сите ние сме по малку влезени во налудничавиот сообраќај по скопскиве улици (и македонските патишта, воопшто), брзаме предвреме да се сретнеме со својата и туѓите судбини, нервозни, деконцентрирани, невнимателни, нељубезни, многумина и прилично цврцнати… Илјадници – лани дури 24.054, велат полициските статистики – немаат ни возачки дозволи, на стотици автомобилите последен пат им виделе техничка регистрација со прекланскиот снег, а во 2021 година се изречени гротескни 104.703 казни за пребрзо возење!

Оваа општа сообраќајна социјална патологија на четири тркала е штедро помогната и од состојбата на патиштата, од несоодветните или непостоечките знаци и коловозни означувања, но и од јавниот превоз и такси возилата чијашто логика на постоење не би поминалa ни во Кампала (Уганда) пред триесетина години.

Што е, тогаш, решението (а да не морам да швајцам радијатор на фордот)?

Официјалните податоци велат дека просекот на годишно загинатите по македонските патишта и улици опаѓа од година во година, иако е сѐ уште (лани) на високата бројка на по еден загинат секој трет ден во годината. Знаеме, од година во година сообраќајната полиција сѐ поинтензивно казнува и контролира, тие споредбени статистики драстично се зголемуваат, но тоа така мора и да продолжи.

Она што во оваа равенка сѐ уште недостасува е нашата поединечна возачка варијабила. Да, сообраќајните трагедии на секого можат да му се случат дури и кога сите правила се испочитувани – но стопати повеќе кога не се.

Во тој (нашиот) автомобил лежи зајакот.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ