Следејќи ги најновите настани во Авганистан, здружението за меѓународна политика „Совет на Амбасадори„ жали што по дваесет години вложен труд, вложени финансии во здравство, образование, култура, социјална политика и економски развој од страна на меѓународната заедница, со повторното враќање на власт на Талибанците, животот во оваа земја се враќа повторно на почеток.
„Советот го изразува исто така своето жалење што и покрај големите усилби што ги вложи во текот на овие поминати 20 години за изградба на економско , социјанлно, културно и образовано развиено авганистанско општесво, меѓународната заедница не успеа во нејзините намери и нејзината платформа не ги даде очекуваните резултати.
Совет на Амбасадори ги цени напорите што ги прави Министерството за надворешни и нејзиниот министер за враќањето во земјата на нашите граѓани кои по разни основи се наоѓаат во Авганистан.
Совет на Амбасадори исто така ја цени одлуката на Владата привремено да вдоми во Република Северна Македонија одреден број лица вработени во меѓународни организации, потоа на жени и деца од Авганистан на кои животот може да им биде загрозен од талибанските власти.
Граѓаните на земјата многу пати досега ги изразиле нивните чувства за солидарност и помош на сите народи во светот кои од разни причини имале и имаат потреба за помош . Тоа исто така претставува исполнување на обврска што Владата ја има кон НАТО, САД И и ЕУ како наши досегашни силни поддржувачи на нашите евроатлантс аспирации и ки интеграции како и кон меѓународната заедница во целина“, стои во соопштението на Советот на Амбасадори.












