Советниците на Град Скопје на вонредната седница попладнево ја изгласаа иницијативата со која се бара од градоначалничката Данела Арсовска до петок до 12 часот да достави одлука за прераспределба на средства за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. Иницијатвата е изгласана со 24 гласа „за“.
Следната седница на Советот е закажана за петок во 14 часот.
Од синдикатите вечерва соопштија дека градоначалничката Арсовска ќе мора да ја донесе одлуката уште утре, затоа што ако остане за петок, тогаш прераспределбата најрано би се извршила по продолжениот викенд што, според нив, е многу доцна.
За утре синдикатите најавија дека нема да има градски превоз за скопјани.
– Им се извинуваме на граѓаните, но ова мораше да се случи за еднаш засекогаш да го решиме проблемот со редовни плати во ЈСП, изјави Миќо Стојановски, претседателот на синдикатот на ЈСП.