Во дописот од Советот на честа на Здружението на новинарите на Македонија до министерот Манчевски се оценува дека веб порталот вечер.мк го прекршил Новинарскиот кодекс во членовите 13 и 16, со текстот „Дамјан Манчевски поттикнува насилство и повици за ликвидација“.
„Според членот 13 од Новинарскиот кодекс на ЗНМ, новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот, додека според членот 16: новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги“ – се вели во дописот на Советот на честа на ЗНМ кој министерот Манчевски го објави на својот Фејсбук профил.
„Оттаму, го повикуваме вечер.мк кога објавува вакви вести и коментари, текстовите да бидат потпишани со конкретно име на новинар или како редакциски коментар. Истовремено, ги потсетуваме на обврската на објавување на демант, наместо бришење на веста“ – заклучува Советот на честа на ЗНМ.
Одговорот на Здружение на Новинари по однос на претставката за објавениот текст на порталот Вечер.
Gepostet von Damjan Manchevski am Mittwoch, 11. September 2019