• Latest
Србија Совет за национална безбедност седница (Фото: Танјуг/N1)

Советот за безбедност на Косово ги активира војската и полицијата за обезбедување на објекти и служби

November 30, 2024

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Советот за безбедност на Косово ги активира војската и полицијата за обезбедување на објекти и служби

November 30, 2024 10:18
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Србија Совет за национална безбедност седница (Фото: Танјуг/N1)

Србија Совет за национална безбедност седница (Фото: Танјуг/N1)

Share on FacebookShare on Twitter

Советот за безбедност на Косово (СБК) рано утрово одржа вонредна седница, по синоќешната експлозија во која беше оштетен водоводниот канал Ибар-Лепенец, од каде со вода од Ујманското Езеро се снабдуваат повеќе градови во државата, како и Енергетската корпорација на Косово за ладење на нејзините термоелектрани, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението објавено од Владата се наведува дека СБК одобрил дополнителни мерки за зајакнување на безбедноста околу критичните објекти и услуги, како што се мостови, трафостаници, антени, езера, канали и слично, за што ќе бидат активирани на терен косовската полиција и Безбедносните сили на Косово.

– Исто така, интензивирана е меѓуинституционалната и меѓународната соработка за да се спречат слични напади во иднина, се наведува во соопштението.

СБК вели дека криминалците кои го извршиле синоќешниот напад се под контрола на властите во Белград и за вакви дејствија се обучуваат во Србија.

– Елементи на терористичките организации „Цивилна одбрана“ и „Северна бригада“ и главниот криминалец Милан Радоичиќ, диригирани од претседателот и Владата на Србија, планираат и се обучуваат во Србија за вакви професионални напади. Забележана е и сличност со агресивните руски напади врз енергетските капацитети во Украина во текот на оваа недела, кои оставија над милион украински домаќинства без струја токму во пресрет на зимата, се наведува во соопштението.

Косовскиот премиер Албин Курти побара од сите меѓународни фактори да го осудат овој напад, за кој вели дека нанел голема штета.

– Нашата држава е решена и подготвена да ги заштити своите граѓани и критичната инфраструктура. Нема да толерираме такви дела кои имаат за цел да го дестабилизираат Косово и да го загрозат мирот и демократското функционирање. Ситуацијата се става под контрола и е на пат да се врати во нормала. Бараме од сите меѓународни фактори да го осудат овој напад кој ни нанесе голема штета, се цитира Курти во соопштението по седницата на косовскиот Совет за безбедност.

Неполни 24 часа по нападот со рачна бомба врз зградата на општината во Звечан во северно Косово, синоќа се случи експлозија во водоводната мрежа Ибар-Лепенец во селото Варага во Зубин-Потоку. Од полицијата велат дека се работи на негово расветлување, а Регионалното водостопанство „Митровица“ соопшти дека е прекинато снабдувањето со вода за пиење. Централните власти на Косово за нападот што го оценија како терористички ја сметаат за одговорна Србија. Во вторникот рачни бомби беа фрлени и во дворот на полициската станица во Звечан.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ