• Latest

Советникот во МВР со кривична пријава и без пасош

March 11, 2018

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Советникот во МВР со кривична пријава и без пасош

March 11, 2018 11:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советникот во кабинетот на министерот за внатрешни работи доби кривична пријава и ќе се брани од слобода за „злоупотреба на службена положба и овластување“, но заради претпазливост привремено му е одземен пасошот и е обврзан да се јавува пред надлежен орган, одлучи судот.

Советникот во МВР Д.С., кој беше приведен завчера во полициска станица, се товари дека оддал службена тајна, со што загрозил и наштетил кривична истрага што е казниво со закон.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека Д.С., кој бил криминалист и државен советник во кабинетот за крминалистички работи, на 26 февруари во просторија на здравствена установа во Скопје имал средба со женско лице над кое се применувале посебни истражни мерки.

Д.С. на директен начин и пренел службена тајна, укажувајќи и дека над неа е во тек примена на посебна истражна мерка со која се следат сите нејзини телефонски броеви и оти врз неа се применува мерка следење. Ја предупредил да биде внимателна и оти во наредните денови може да биде применета нова мерка – користење прикриен агент.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција вчера рече дека очекува многу скоро во законски утврдена постапка сомнежот да биде потврден или отфрлен. Нагласи дека МВР нема да толерира загрозување истраги и постапки.

„Ова е порака до секој кој има намера да соработува или да учествува во криминалот без оглед на позицијата која ја има во општеството и институциите. Граѓаните ни ја дадоа довербата да се бориме против криминалот и за било какви потврдени незаконски активности ќе има нулта толеранција. Тоа треба да му биде јасно секому“, истакна Спасовски.

За приведениот висок функционер во МВР вчера се огласи и премиерот Зоран Заев, кој на својот профил на Фејсбук ги охрабри институциите да спроведат темелна и професионална истрага и да носат одлуки базирани на факти во врска со овој случај.

„Не ги знам сите детали за случајот со осомничениот вработен во Кабинетот на министерот за внатрешни работи, но ги охрабрувам институциите да спроведат темелна и професионална истрага и да носат одлуки базирани на факти. Нема место за толеранција на какви било незаконски дејства. Институциите мора да бидат целосно посветени во служба на граѓаните и во функција на владеењето на правото“, напиша  Заев.

За случајот реагираа и партиите. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, МВР наместо да се бори со криминалот и корупцијата, станало „дувло кое служи за собирање изнуда, поткуп и заштита на криминалот“.

Од СДСМ, пак, одговорија дека Македонија станува правна држава во која секој поединец одговара за своите постапки и дека „времето кога одредени поединци не одговараа пред законите, а институциите се обидуваа да ги сокриваат и заташкуваат нивните незаконски дејствувања заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција“.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: злоупотреба на службена положбаистрагакривична пријаваМВР
Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ