• Latest

Спасовски: Балканот во ЕУ полесно ќе ја одбрани Европа од криминалот

June 12, 2021
Фотографија: Исечок од видео од првите сведоци на геноцидот во Сребреница / Радио телевизија на БиХ

Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

July 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на Oneindia News

Трамп очекува одлука од Хамас за 24 часа дали ќе го прифати „конечниот“ мировен предлог

July 4, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Украина мора да биде обезбедена со противвоздушна одбрана, да се убеди со зборови ракетата не е можно – може само да се собори

July 4, 2025

Молдавија се залага за гаранции за влез во ЕУ, под заканата од Орбан за блокирање на Украина

July 4, 2025
Фото: Фронтлајн.мк

Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

July 4, 2025
Гробовите на Сребреница

Канадската покраина Алберта го прогласи 11 јули за Ден на жртвите на геноцидот во Сребреница

July 4, 2025
Фото: НоваТВ

Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година

July 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на PBS NewsHour

Конзервативното мнозинство во Врховниот суд на САД во сите случаи пресуди против трансродовите лица

July 4, 2025
Чад се издига над Московската област, Русија на 4 јули 2025 година. Фото: ASTRA/Telegram

Украинските дронови погодиле повеќе цели во Русија, вклучително и клучна фабрика за воена оптика во Ростовскиот регион

July 4, 2025

Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Балканот во ЕУ полесно ќе ја одбрани Европа од криминалот

June 12, 2021 12:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Полесно ќе ја одбраниме Европа од криминалот ако бидеме дел од ЕУ и нашата позиција е јасна: ние сме на европскиот пат и притоа сме доследни“, вели министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за словенечкиот весник „Дело“.

„Мнозинството граѓани сакаат да влеземе во ЕУ, целиот регион нема алтернатива во однос на членството во ЕУ. Ќе сториме сè за да ја постигнеме целта и да ги започнеме преговорите со ЕУ. Се надевам дека ќе се случи поместување уште пред почетокот на словенечкото претседателство на Советот на ЕУ“, наведува Спаовски.

Тој посочува дека криминал и корупција нема само на Балканот и дека тоа не е нешто што е непознато и во западните држави.

„Се создаде перцепција дека кај нас има многу повеќе криминал и корупција отколку на друго место, а нашата задача е да го промениме тој впечаток. Во голема мера сме им посветени на реформите на законодавството, што е добро. Но, главното прашање е како да се реформираат умот и вредностите, за да престанеме да бараме дупки во законите. Ако успееме во тоа, сето останато ќе биде полесно“, потенцира Спасовски.

Тој натаму нагласува дека е точен впечатокот оти балканската мигрантска рута годинава е порастоварена, додацвајќи дека во првите четири месеци годинава имаше за 17,2 проценти помалку обиди за незаконито влегување во Северна Македонија отколку во истиот период минатата година.

На констатацијата дека криминалците од различни држави многу полесно се разбираат отколку политичарите, Спасовски одговара дека криминалните структури се секогаш чекор пред државата, бидејќи ги спојува интересот, пренесува МИА.

„Од друга страна, вистина е и тоа дека и во политиката нема вечна љубов, туку само вечен интерес, но кај криминалците тој е секогаш во прв план. Тие прават сè за да ја надитрат државата. Затоа е многу важно како ќе се поврзат институциите на различните држави и како ќе им застанат на патот на криминалните здруженија, за коишто границите не претставуваат препрека. Без оглед на тоа дали станува збор за организиран криминал, трговија со луѓе, илегални миграции, трговија со наркотици и така натаму“, нагласува Спасовски.

Тој оценува дека Балканот со својата геостратешка положба е привлечен и за криминалците, што предизвикува големи проблеми и затое е важна секоја иницијатива за регионално поврзување во борбата против организираниот криминал и брзата размена на информации меѓу државите.

Говорејќи за новите форми на криминал против децата, коишто во голема мера се распространија во времето на епидемијата, кога децата поминуваа многу време пред компјутерите и на интернет, Спасовски потенцира дека државите мора соодветно да одговорат на овие „валкани злосторства над младите“.

„И тука е од клучно значење силно да ја развиеме меѓусебната комуникација. Тероризмот, илегалните миграции и компјутерскиот криминал се предизвиците на денешниот ден и на иднината. Не би рекол дека главниот критериум за успешна борба против компјутерскиот криминал е богатството на државата. И за многу побогатите и поразвиените земји тоа претставува голем предизвик. Прашање е дали навреме сме препознале дека тоа за сите нас еднаш ќе претставува голем економски проблем. Добро е што на регионално ниво има повисока свест за опасноста од компјутерскиот криминал за општеството“, истакнува Спасовски.

Тој потенцира дека во општествата треба постојано да се бараат решенија, коишто ќе понудат соодветен одговор за криминалците, а истовремено и ќе ги заштитат човековите слободи и права.

Во однос на преземените мерки против Ковид-19, Спаасовски потенцира дека е задоволен од реакцијата на граѓаните на релативно строгите мерки, додавајќи дека статистичките податоци покажаа оти повеќе од 98 проценти од луѓето ги почитуваат мерките и не може да се почувствува поголем отпор кај луѓето.

„Клучна е транспарентната комуникација, да им кажете на луѓето дека Владата не сака да ги затвори, дека сме заедно во несреќата и дека тоа не му се допаѓа никому, но дека мора да сториме нешто за да се спречи ширењето на заразата. Се чини дека луѓето имаа доверба во нас и дека релативно добро ги прифатија мерките“, заклучува министерот Спасовски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ