• Latest

Спасовски: Берлинскиот процес го трасира патот кон целосна европска интеграција

July 4, 2019

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски: Берлинскиот процес го трасира патот кон целосна европска интеграција

На Самитот на западен Балкан во Познањ ќе се разговараа околу Патоказот за одржливо решение за нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје и муниција во западниот Балкан до 2024 година, како и околу обврските во борбата против корупцијата а во контекст на антикорупциските заложби усвоени во текот на самитот на Западен Балкан во Лондон 2018 година

July 4, 2019 17:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На Самитот на западен Балкан во Познањ, во рамките на Берлинскиот процес, се одржа министерска конференција на која освен Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, учествуваа полската министерката за внатрешни работи Елзбита Витек, германскиот сојузен министер за внатрешни работи Марко Вандервиц и бугарскиот заменик министер за внатрешни работи Милко Бремер.

“За нашата држава, а верувам и за останатите земји од Западниот Балкан, оваа конференција во рамки на Берлинскиот процес има исклучително значење. Не само од аспект на реферирање за преземените активности и постигнувања во, за нас и тоа како стратешки важните теми: борба против корупцијата, миграциите, регионалната соработка по однос на разните бебедносни закани како и патоказот за одржливо решение за нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје и муниција во Западен Балкан до 2024 година, туку и од аспект на своевидна проверка или верификација на направеното, користејќи ја можноста да се разменат дополнителни искуства, согледувања, но и предлози“, истакна Спасовски.

Спасовски изјави дека сето ова е во насока на што подинамично градење на концепти и решенија како на национално ниво, така и на регионално ниво во функционално и квалитетно спротивставување на сите реални предизвици и нивно анулирање во интерес на националната и регионална безбедност и стабилност.

“Во крајна линија едно од примарните цели на самиот Берлински процес е токму соработката во трасирањето на патот и градењето стандарди и вредности кон целосна европска интеграција на државите од регионот на Западниот Балкан“, потенцираше Спасовски.

Инаку по прес конференцијата министрите за внатрешни работи од земјите на ЕУ и од Западниот Балкан ќе разговараат околу Патоказот за одржливо решение за нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје и муниција во западниот Балкан до 2024 година, како и околу обврските во борбата против корупцијата а во контекст на антикорупциските заложби усвоени во текот на самитот на Западен Балкан во Лондон 2018 година. Министерот Спасовски, според предвиденото ќе има свои обраќања и во врска со овие две теми.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ