• Latest

СДСМ денеска ќе одговори на предлогот на Мицкоски за избори во средината на јули

June 15, 2020
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

СДСМ денеска ќе одговори на предлогот на Мицкоски за избори во средината на јули

June 15, 2020 12:05
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Сите одлуки во делот на справувањето со здравствената и економската криза, Владата ги носеше врз база на експертските мислења, институциите покажаа дека можат да ја преземат контролата но важно е да се почитуваат мерките, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски во денешното издание на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Институциите ја држат ситуацијата под контрола, но сепак секој поединец има одговорност во справување со пандемијата.

– Во здравствената криза, пред се, бевме исклучиво потпрени на мислењето на Комисијата за заразни болести. Мислам дека институциите покажаа дека се справуваат добро, дека ја држат под контрола ситуацијата. Секако дека има различни мислења и кај граѓаните и кај опозицијата. Јас не ги знам интересите наместо да му се помогне на здравствениот систем, тој да се руши, но тоа е друга тема…Во сите околности постојат луѓе кои не ги почитуваат здравствените мерки и затоа имаме голем број на санкции. Институциите продолжуваат кон функционирање кое значи успешно справување на оваа криза, но секој од нас треба да се однесува одговорно и да придонесе кон релаксирање на кризата. Сите анализи укажуваат дека би требало да имаме намалување на тенденцијата на новозаразени. Но тоа не значи дека не треба да не се почитуваат здравствените мерки за хигиена и дистанца, рече Спасовски меѓу другото.

Актуелниот премиер одговараше на неколку прашања, пред се поврзани со блиската иднина и изборниот процес, потенцирајќи дека Уставот предвидува изборите да бидат на 5 јули.

– Владата ја има таа јасна позиција, согласно Уредбата, Уставот и законите, денот на избори е 5 јули. Лидерите имаа време да разговараат за изборниот процес и реков дека до оној момент кога политичките лидери не можат тоа да го сторат, институциите на системот мора да ја преземат одговорноста. Неодговорно е во време на здравствена и економска криза државата да биде оставена со нефункционални институции и без Собрание за контрола на извршната власт, рече Спасовски.

Според него, изборите мора да се спроведат како што е пропишано во Уставот и законите со учество на сите партии за целосен легитимен и регуларен изборен процес.

– Ако изборниот процес заврши како што е предвидено според Уставот, 22 дена по завршување на вонредната состојба, тоа не остава простор за своеволно толкување на Уставот и постапување по политички договори. Каква држава би биле ние ако наместо почитување на законот се оди на почитување нечија политичка волја. Добро е да имаме консензус за учество во политичкиот процес. Разговаравме во партијата, за сите нас е важно да се оди на избори со сите политички структури и на тој начин да се добие легитимитет. СДСМ како одговорна политичка партија досега покажа дека има јасни политички ставови, дека не отстапува, туку реализира… Не го разбирам Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ кога би сакал да има избори?! Се навикнавме дека опозицијата нема став за ниту едно клучно прашање. Но мораме да имаме висока свест во рамките на оваа здравствена и економска криза, се со цел да ги комплетираме институциите и да продолжи интересот за справување со Ковид 19, економската криза, евроинтегративниот пат и слично, рече Спасовски.

Воедно тој потенцираше дека сите оние уредби за кои е предвидено дека завршуваат со вонредната состојба – завршуваат, а сите оние кои имаат важење и по вонредната состојба, ќе останат на сила.

Спасовски ја коментираше и соработката внатре во Владата со кадрите на опозицијата, каде што посочи дека се соочуваат со проблеми.

– Соработката во Владата треба да биде на ниво на остварувањето на интересите на сите граѓани. Е сега, имавме состојби во кои партиските интереси на Чулев и на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаа до израз. Не само во делот на нефункционирањето на МВР при спроведување на мерките донесени од Владата, туку и непотпишувањето на договорот со Светска банка од дополнителниот заменик министер, кој директно оневозможи финансиски средства за здравствениот систем и социјалните случаи во Северна Македонија. Ова покажува дека нашата опозиција сака да гради политики врз грбот на граѓаните, обвини тој.

Според него, кога ќе се одлучат и дали ќе одат на избори ВМРО ДПМНЕ зависи од нив, но вели, Владата која ја предводи тој, го надмина својот мандат.

-Доколку опозицијата ги бојкотира изборите, многу е морално пред јавноста да ги напуштат институциите. Од една страна, да не сакате да одите на избори, од друга страна да останете во системот носејќи функции, да правите штета на државата е крајно неодговорно, потенцираше Спасовски.

Проследете го целиот разговор со техничкиот премиер Оливер Спасовски во денешното издание на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“:

извор: Слободен печат 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ