• Latest

Спасовски го отвори регионалниот семинар „За заедничка проценка на закани поврзани со организиран криминал”

June 14, 2022
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски го отвори регионалниот семинар „За заедничка проценка на закани поврзани со организиран криминал”

June 14, 2022 11:59
in ВЕСТИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со свое обраќање, заедно со амбасадорот на Француската Република во нашата земја, Н. Е. Сирил Бомгартнер, денеска во Скопје го отворија дводневниот регионален семинар за Југоисточна Европа „За заедничка проценка на закани поврзани со организиран криминал”, во организација на Амбасадата на Француската Република во Република Северна Македонија, информираат од МВР.

Целта на семинарот е споделување на методологиите што се користат за спроведување на проценки на закани поврзани со организираниот криминал и во служба на репресивните стратегии и казнената политика.

Министерот Спасовски, упатувајќи благодарност до Амбасадата на Француската Република за организирањето на овој регионален семинар, кој ќе придонесе за зацврстување на регионалната соработка, како предуслов за владеење на правото и зајакнување на демократските процеси во нашите држави, истакна: „За Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, но и за сите институции во државата надлежни за спроведувањето на законот, сузбивањето на организираниот криминал претставува врвен приоритет, со енергичен и ефективен однос во неговото дејствување. За таа цел, во МВР се одвиваат интензивни процеси за зајакнување на институционалните капацитети на специјализираните единици, преку развивање и имплементација на современи методологии на работа и стандарди, како и континуирани обуки. Таквиот систематски пристап веќе дава резултати преку ефикасно сузбивање на повеќе организирани криминални групи од национален и меѓународен карактер”, истакна министерот Спасовски.

Министерот Спасовски посочи дека во борбата против комплексните и специфичните форми на криминал неопходно е да се согледаат нивните конкретни модалитети, појавните облици, обемот и последиците, па следствено на тоа, да се проценат реалните закани кои може да се очекуваат во иднина. Притоа, Спасовски ги потенцираше низата стратешки документи во кои се препознаени заканите и ризиците со кои се соочува нашата држава:

Меѓу нив се СОКТА 2021 – „Националната проценка на закани од сериозен и организиран криминал“, националните стратегии за дроги, за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција, за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, за сајбер безбедност, која во целост е развиена согласно Стратегијата за сајбер безбедност на ЕУ, како и политиката и заложбите за сајбер безбедност на НАТО за обезбедување на сигурно, безбедно, доверливо и отпорно дигитално опкружување во корист на граѓаните, бизнисот и јавната администрација, потоа националните стратегии за контрола на мало и лесно оружје, за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, за компјутерски криминал, за понатамошен развој на капацитетите на криминалистичка техника на регионално и на локално ниво, изработена во рамки на проектот „Понатамошен развој на капацитетите за истрага на местото на злосторството“ -ИПА 2014.

Според министерот Спасовски ефикасната борба против криминалот зависи и од блиската соработка помеѓу органите за спроведување на Законот, преку идентификување на заеднички приоритети за соработка – но секако, тука клучно влијание има и постоењето на националните приоритети, а препознаена е и заедничката потреба за регионален пристап. Особено имајќи ја предвид економската состојба во сите земји од регионот, како и „порозноста” на границите која произлегува од географските карактеристики на теренот, кои продуцираат криминални активности од најразличен вид.

„Со оглед на тоа што безбедносната ситуација во земјите од Регионот, овде пред сѐ мислам на Балканската рута како индикатор за постоењето на криминални активности и присуство на криминални групи, се рефлектира врз безбедносната состојба на самата Европска Унија, идентификувана е заедничка потреба за Регионален пристап со цел дефинирање на специфичните закани против нејзините земји членки”, рече министерот Спасовски, при што ги истакна областите високо на агендата на службите кои го спроведуваат законот и за кои се бележат резултати од спроведени зајакнати акциски контроли, како борбата против тероризмот и насилниот екстремизам, криумчарењето на мигранти, недозволената трговија со дрога.

На крајот од своето обраќање министерот Спасовски изрази убеденост дека процесот на прилагодување кон новите трендови кои секојдневно ги наметнуваат организираните криминални групи е неизбежен и клучен кога станува збор за ефикасен одговор на наметнатите предизвици.

„Искрено верувам дека овој семинар ќе придонесе кон градењето доверба меѓу нашите земји и служби, што е неопходно за успешна регионална соработка”, подвлече министерот Спасовски.

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ