Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се идентификувани напаѓачите кои со нож прободеле навивач на ФК„Левски“ вчера во Чаир и дека се работи на нивно пронаоѓање.
Министерот подвлече дека возилата со бугарските регистарски таблички кои отишле во Чаир да провоцираат влегле во Македонија во приватна режија, односно без да го користат организираниот превоз за мечот со „Шкупи“ во Скопје.
Инаку, од болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје синоќа соопштија дека бугарски државјанин повреден е прободен со ладно оружје во Чаир и се врши операција. Повредени се уште тројца навивачи на Левски. Сите повредени моментално се во стабилна состојба. Избодениот со нож веднаш по инцидентот го посетил и бугарскиот конзул во Скопје.