• Latest

Спасовски: Кога ќе престане вонредната состојба, продолжуваат да течат роковите за изборните дејствија

May 12, 2020
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Спасовски: Кога ќе престане вонредната состојба, продолжуваат да течат роковите за изборните дејствија

May 12, 2020 19:48
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во моментот кога ќе престане вонредната состојба, треба да продолжат да течат роковите за изборните дејствија, смета премиерот Оливер Спасовски.

Тој на денешната прес-конференција во Владата потсети дека на лидерската средба се разговарало и биле понудени конкретни датуми во однос на одржувањето на изборите, меѓутоа одлучено е на политичко ниво разговорите да продолжат наредната недела, притоа да се обезбедат одредени информации.

-Што се однесува до уредбата или правниот механизам за изборите, таа е сосема јасна. Ние немавме друга правна можност за одложување на изборите, освен преку таа уредба да се стават во мирување сите изборни рокови. Тоа значи во моментот кога престанува вонредната состојба продолжуваат да течат роковите за изборните дејствија, рече премиерот во одговор на прашање.

Спасовски потсети дека Државната изборна комисија е должна врз основа на пропишаните рокови во законот да ги спроведе изборите, и за тоа постојат рокови точно дефинирани како и на кој начин тоа се прави.

-Државната изборна комисија е институција која спроведува изборни дејствија врз основа на одлуките кои ги носат инситуцииите на системот. Тоа е Собранието и оние кои се надлежни за одржување на изборите. ДИК е должна врз основа на пропишаните рокови во законот да ги спроведе изборите, и за тоа постојат рокови точно дефинирани како и на кој начин тоа се прави, рече Спасовски.

Додаде дека е јасно врз основа на уредбата донесена од Владата, дека ако за време на вонредната состојба се стопираат роковите, треба да се има предвид уставната норма, а тоа е дека изборите мора да се одржат во рок од 60 дена од распуштање на Собранието.

-Сосема е јасно врз основа на уредбата донесена од Влада, дека ако за време на вонредната состојба се стопираат роковите, треба да се има во предвид уставната норма дека изборите мора да се одржат во рок од 60 дена од распуштање на Собранието, така да роковите кои поминале до вонредна состојба и имаме вонредна состојба каде што се стопирани сите рокови, со престанување на вонредната состојба продолжуваат да течат и роковите понатаму и се одржуваат изборите се со цел да нема можност за кршење на Уставот, рече Спасовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ