• Latest

Спасовски: Македонија активно учествува во иницијативите за поголема безбедност на Балканот

October 18, 2018
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
Фото: Скриншот од Viory video

Над 80 сандаци со нацистички материјали пронајдени во подрумот на највисокиот аргентински суд

May 12, 2025

Новиот папа повика на ослободување на новинарите кои моментално се во затвори низ целиот свет

May 12, 2025
Фото: Скриншот од вифро нс НБЦ

Хамас најави ослободување на Едан Александар, последниот познат жив израелско-американски заложник во Газа

May 12, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните порачуваат – Одете си, не ве бива; Да се „симнат од облаците“ за да ја видат сиромаштијата; Во Скандинавија не се пука како кај нас…

May 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД и Кина постигнаа договор за намалување на царините за 115%

May 12, 2025
СРЕДЕНО Таравари и Мицковски како добри сојузници и со холивудски амбиции

Таравари и Мицкоски најавија „сиктер кафе“ од владината коалиција ама уште не го испиле

May 12, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Туск ја обвини Москва дека го наредила палењето на трговскиот центар во Варшава во 2024 година, Полска го затвори рускиот конзулат во Краков

May 12, 2025
Газа (фото извор: Wikimedia)

Најмалку десет жртви, меѓу кои жени и деца во израелски напад врз училиште во Газа

May 12, 2025

Таравари: Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме навикнати да ја напуштаме, ќе се вратиме посилни

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски: Македонија активно учествува во иницијативите за поголема безбедност на Балканот

October 18, 2018 13:55
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Република Македонија во сите иницијативи што се однесуваат на земјите-кандидати за членство во ЕУ, што гарантираат поголема стабилност и безбедност, зема активно учество и јасни сме во нашата порака дека ќе направиме се во нашите пристапни преговори но и во рамките на сите овие иницијативи што се отвораат со земјите од регионот, со цел да го направиме побезбеден Балканот.

Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред почетокот на Состанокот на француско-германската иницијатива за координација на донатори во врска со нелегалната трговија со огнено оружје во Западен Балкан.

– Оваа иницијатива како дел од Берлинскиот процес и овие семинари што се спроведуваат, особено за борбата против малото и лесно оружје, знаеме дека еден добар дел од ваквото оружје се наоѓа на овие простори е само еден чекор. Постојат и други иницијативи што ќе ја подобрат ефикасноста на институциите на Република Македонија и мене ми е чест што имаме можност што со поддршка на Франција и Германија да го реализираме овој проект, рече Спасовски.

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние рече дека ова е многу значајна француско-германска иницијатива која што беше презентирана во текот на самитот на Берлинскиот процес во Трст.

– Целта е да се ослободи просторот на Балканот од лесното оружје што циркулира без контрола. Ова е многу значаен настан. Многу сме задоволни што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски прифати да го отвори овој семинар и на тој начин македонските власти да покажат колку е важно борбата против илегалното оружје со мал калибар, рече Тимоние.

Посочи дека ова е значајна етапа од патот на Македонија во Европската Унија, и е илустрација на „француско-германската волја целосно да ве придружуваат на вашиот пат кон ЕУ“.

Министерот Спасовски ќе одржи воведно излагање на состанокот, на кој ќе присуствуваат и експерти од македонското МНР. На состанокот, Франција е кодомаќин, застапувана од Жан-Клод Брине, амбасадор за транснационални криминални закани и борба против недозволена трговија со МЛО при француското Министерство за Европа и надворешни работи, заедно со Германија, застапуван од Маркус Блеинрот, директор за контрола на конвенционалното оружје при германското Министерство за надворешни работи.

По завршувањето на состанокот, попладнево на прес-конференција шефовите на француската и на германската делегација ќе информираат за текот и за заклучоците од состанокот.

Германија и Франција, препознавајќи ја потребата од покоординирана акција за справување со проблемите со МЛО во регионот на Западен Балкан, почнаа заедничка иницијатива за координација на донатори за нелегална трговија со огнено оружје и сеопфатна контрола на МЛО.

На 11 декември, Франција ќе биде домаќин на конференција на високо ниво во Париз за да се разгледаат резултатите од донаторските координативни состаноци, да се презентираат локалните акциони планови за имплементација на Регионалниот план и да се идентификуваат донаторските придонеси за негово финансирање.

Кон крајот на 2019 година, Германија ќе биде домаќин на мониторинг конференција во Берлин, кога ќе се разгледа првата година од имплементацијата на Регионалниот план и на националните акциони планови. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ