• Latest

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните порачуваат – Одете си, не ве бива; Да се „симнат од облаците“ за да ја видат сиромаштијата; Во Скандинавија не се пука како кај нас…

May 12, 2025

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните порачуваат – Одете си, не ве бива; Да се „симнат од облаците“ за да ја видат сиромаштијата; Во Скандинавија не се пука како кај нас…

May 12, 2025 12:57
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Петочниот граѓански форум, кој редакцијата на ЦивилМедиа го воспостави како завршница на прашањата на денот, се однесува на пораките на граѓанките и граѓаните до властите, и прибира голем број сугестии, пораки, прашања, критики…

Секој петок, во утринските часови граѓанките и граѓаните го препознаваат слободниот простор на ЦивилМедиа, и без задршки имаат можност преку коментари да испратат пораки, искуства но и критики до властите, институциите, политичарите, а според  досегашните одговори, тие тоа го прават на јасно артикулиран начин, со директни пораки и сугестии.

Целта на петочниот Граѓански форум на ЦИВИЛ е да им се обезбеди на граѓанките и граѓаните безбеден  и слободен простор ( каков што впрочем  со години е ЦИВИЛ) во кој тие  ги изразуваат своите грижи, споделуваат искуства и им порачуваат на властите каде можат да се поправат, каде им се грешките, да прашаат за решенија на евентуални горливи проблеми, а во исто време тие пораки и сугестии да бидат јавни, и неподложни на цензура или прикривање.

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ( ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што сакате да им порачате на властите?

Што и порачаа на власта минатиот петок граѓанките и граѓаните

„Да си одат!“– беше најчестата и јасна порака.

„Да си одат побрзо, да ги снема!!!“; „Да си одат“; „Да ги снема час поскоро“; „Да си одат што е можно побрзо!“; „Да си заминат со арно!“; „Што побргу да си одат и да одговараат за се“; „Да си одат, секој ден несреќи, под итно да ги нема!“.

Ова се дел од пораките што се однесуваат на заминување на оваа власт, а кои пораки граѓаните јасно ги изразија на Граѓанскиот форум минатиот петок, на 9 мај 2025 година, што укажува на (не)задоволството на граѓаните од досегашните политики на власта, на неполна година од формирање на Владата.

Од понатамошните пораки, во кои директно не се бара заминување на политичарите од власта, туку се посочува што треба да прават за граѓаните да чувствуваат доверба во власта, но и да се чувствуваат безбедно во секоја смисла ( економска, безбедносна, културна, здравствена итн…), и да се присетат на предизборните ветувања.

„Да престанат да лажат и да го внесуваат народот во се поголема сиромаштија, а тие да живеат како богови од народните пари. Каде е ветеното од предизборни програми и проекти, ништо од тоа не направија, тогаш знаат каде им е вратата“, гласи една од пораките.

Граѓаните прашуваат и до каде сме на патот кон ЕУ, и порачуваат да се деблокираат ЕУ интеграциите, а највеќе  и порачуваат на власта „да се симнат од облаците“ за да можат појасно да ја видат сиромаштијата, незадоволството и болката.

Порачуваат да престанат со декларативна борба против корупција, тие што за кратко време станаа милијардери…

Еден граѓанин им посочи на политичарите, дека „во Скандинавските земји не се пука како кај нас“, алудирајќи на изјавата на премиерот Мицкоски  дека оваа влада покажа европско, скандинавско управување со општините на локално и на централно ниво, дека можело во Македонија да се менаџираат институциите без афери кои што ќе значат криминал, корупција, злоупотреба.

Што значи дека граѓаните не се чувствуваат безбедно во својата непосредна средина, како и низ целата територија на Северна Македонија, поради речиси секојдневните улични пресметки со употреба на оружје, во кои пресметки често се губат човечки животи, а токму институциите кои треба да обезбедат ред и мир за сите граѓани, освен декларативно и со секојдневни билтени за „сработеното“, очигледно не го прават тоа.

Ова се само дел од пораките што граѓаните ги оставија на нашата платформа, на Граѓанскиот форум во изминатиот петок, а кои можете да ги прочитате на следниот линк:

Од пораките што ги оставија нашите читатели, граѓанките и граѓаните, јасно се гледа дека незадоволството во речиси сите сегменти на живеење, што не е слика за една демократска држава, во која општеството стреми кон подобар и подостоинствен живот, безбедно опкружување и доверба во тие што треба да ги обезбедат овие фундаментални права, и кои се донесени на одлулувачки и делувачки позиции- токму од граѓаните.

Доколку навистина власта го слуша гласот на народот ( а не само се бројат гласовите на избори), и за миг се стават во „чевлите“ на истиот тој народ, можеби и овие пораки би биле и „прирачници“ за тоа како се води држава. Но, според пораките од граѓаните, тоа не се случува во речиси ниту еден сегмент, а незадоволството е се поголемо.

Редакцијата на ЦивилМедиа е отворена за граѓанките и граѓаните не само во петок, туку и секој ден од неделата, да споделат свои пораки, прашања, грижи  и искуства, било во коментари или во пораки, и им заблагодарува за довербата, отвореноста и директниот настап. Ве очекуваме секој ден, а во специјализиран простор – секој петок во Граѓанскиот форум.

Д. Т. 

 

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ