• Latest

Спасовски: Младите да ја препознаат и вреднуваат улогата на безбедносните институции во превенцијата и справувањето со радикализацијата и насилниот екстремизам

October 16, 2023

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Спасовски: Младите да ја препознаат и вреднуваат улогата на безбедносните институции во превенцијата и справувањето со радикализацијата и насилниот екстремизам

October 16, 2023 15:18
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска со свое обраќање  учествуваше на настан посветен на Обуката за ангажирање и зајакнување на младите во борбата против радикакализација и насилен екстремизам, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Факултетот за безбедност при универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола. 

Спасовски истакна дека насилниот екстремизам и радикализмот, особено сега во оваа ера на исклучително жестоки динамични општествени и генерално – цивилизациски – противречности, бездруго заслужува сериозно внимание од сите општествени фактори и тоа не само во сферата на безбедноста туку и пошироко во многу други општествени сегменти. „Денешниов настан во целост ги оправдува своите мотиви и цели, насочувајќи се кон поттикнување на младите да размислуваат и да дејствуваат во насока на соработка и заедништво, да ги промовираат и негуваат демократските вредности на македонското општество, но и да ја препознаат и вреднуваат улогата на безбедносните институции во превенцијата и справувањето со радикализацијата и насилниот екстремизам.“, потенцираше министерот Спасовски.

Министерот образложи дека ние како држава, изминативе децении одблиску се сооочивме со карактеристиките на насилниот есктремизам и радикализам, и детектирајќи ги потребите, насоките и потенцијалите како добра основа за градење на институционален одговор и отпорност кон овие општествено негативни појави, влеговме во процесите на будно следење и градење концепти за спротивставување кон сите такви закани.  „Од аспект на Министерството за внатрешни работи кое што и покрај  примарната посветеност на превентивното делување вложи и вложува во  организациско, техничко и кадровско унапредување особено во смисол на уште поквалитетни професионално-стручни капацитети и перформанси, како нешто што е од клучна важност за успешно и ефикасно справување со сите предизвици и задачи што се поставуваат пред министерството, меѓу другото, и во контекст на проблематиката што денеска ја опсервираме. “ ја долови улогата на МВР министерот Спасовски во справување со насилниот екстремизам и радикализам.

Во неговото обраќање  посебно беше нотирана новата Национална стратегија за спречување со насилниот екстремизам 2023-2027, документ кој е плод на заедничкиот напор на претставници на владини институции, на здруженија на граѓани, на академската и на меѓународната заедница, улогата и значението на младите и тоа како зафаќа свое суштинско место и истакна дека МВР ќе остане посветено на превентивни активности, но и на доследното спроведување на законите во откривањето и одвраќањето на сите потенцијални поединци или групи кои преку овие форми на незаконско делување имаат за цел да и наштетат на државата, да ги заведат младите во погрешен правец и да го подриваат демократскиот капацитет на македонското општество.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал во своето обраќање истакна дека ОБСЕ продолжува да работи заедно со младите и за младите така што оваа програма ќе се фокусира значително на практични дискусии со реномирани експерти од различни професионални области и институции. „Справувањето со предизвиците на денешнината и иднината бара етаблирање на доверба и разбирање помеѓу сите во безбедносниот сектор. Верувам дека ќе најдете заедничка основа додека разговарате за предизвизвиците и темите со кои вие како иднина на земјата ќе се сретнете и ќе треба да ги надминувате заедно“, ги охрабри амбасадорот Вал присутните млади на обуката.

„Основните принципи на функционирањето на Универзитетот се академската слобода, толеранцијата и споразумното решавање на спорови. Затоа логички студентите треба да бидат носители на процесите на толеранција, борба против екстремизмот, говорот на омраза, насилството. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола секогаш бил и ќе остане место на кое се негува толеранцијата и почитување на различности, место каде нема простор за било какво екстремистичко однесување, насилство и говор на омраза против било кој. Затоа високо ја цениме оваа активност организирана од ОБСЕ со нашиот Факултет за безбедност, која има за цел да ги обучи нашите студенти да препознаат и да се спротивстават на било кој облик екстремизам, насилство, говор на омраза и сите други облици на нетолерантно, односно не академско однесување.“, потенцираше во своето обраќање ректорот на Универзитетот „Свети Климент Охридски„ од Битола, проф. д-р Игор Неделковски.

„Младите се во фокусот на нашето внимание, а образованието е алатка која може на многу привлечен и интересен начин да им ги покаже придобивките на демократското живеење и да ги одврати од радикализација која ќе доведе до насилен екстремизам и тероризам. Им благодарам на нашите партнери од ОБСЕ и МВР за силната поддршка и за посветеноста да изградиме свет без насилство. Факултетот за безбедност ќе продолжи да биде водечка институција за современа и квалитетна едукација во сите сфери во областа на безбедноста“, истакна во своето обраќање деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Никола Дујовски.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ