• Latest

Спасовски: Мораме сите да правиме се да ја менуваме перцепцијата за корупцијата

February 4, 2021
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина, Скопје, 24 август 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Скопје ќе го одбележи Денот на независноста на Украина со свечена церемонија и културна програма

August 24, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

ЕУ во БиХ: Пресудата против Додик мора да се почитува, очекуваме властите на РС да ја деескалираат ситуацијата

August 23, 2025

Албанскиот блок 2025: Евроинтеграции – Меѓу принципите и прагматизмот

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Спасовски: Мораме сите да правиме се да ја менуваме перцепцијата за корупцијата

February 4, 2021 15:03
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter
Сите процеси коишто се во делот на реформире на институциите, сите процеси коишто се преземаат во изминатиот период одат во прилог дека оваа политичка гарнитура има силна волја за борба против криминалот и корупцијата и тоа треба да се ефектуира уште повеќе. Ако ги завршите предметите, ако се завршат одредени настани коишто се коруптивни, а за тоа не се информира доволно јавноста, тогаш не може да се промени перцепцијата. Мораме сите да правиме се да ја менуваме перцепцијата за корупцијата, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во однос на Индексот за перцепција на корупцијата.

Тој нагласи дека уште повеќе треба да се работи на јакнењето на јавната свест на луѓето за да пријавуваат корупција, и тие да се помогне на органите на прогонот.
– Во однос на перцепцијата за корупција секако дека многу треба да се работи за да ја смениме перцепицијата во општеството. Пецепцијата за корупцијата не значии конкретни резултати во однос на корупцијата дека државата нема, ние имаме многу повеќе резултати од некое минато време во делот на корупцијата, меѓутоа секако дека како перцепција очигледно дека тоа не се менува баш така лесно во очите на граѓаните, потенцираше Спасовски.
Министерот истакна оти смета дека една сериозна држава едно сериозно општество, мора да води постапки за лица коишто навистина злоупотребуваат, коишто се навистина корумпирани и на основа на докази да се водат тие постапки меѓутоа тоа и соодветно да се презентираат и во јавноста.
– Секако дека тука постојат и одредени аномалии кои што ни се случуват и во органите на државната управа и ако тука немаме една неселективна, транспатентна битка против корупцијата и криминалот ние ќе имаме проблем во делот на надминувањето на перцепцијата. Меѓутоа сепак сметам дека перцепцијата треба да се менува и тоа на реални случаи на корупција и на криминал. Знаете ние имавме претходно многу опсежни акции, во времето на режимот, Бумеранг, Змиско око, коишто само да градат перцепција, без доволно докази, без многу докази се водеа постапки коишто сега по судска постапка на крајот едвај завршуваат со некакви условни пресуди или пак завршуваат со ослободителни пресуди, рече Спасовски.
Тој изјави дека МВР покажува силна политичка волја и решеност да се справува со корупцијата и тоа ќе го прават и во однос на сите други институции и органи.
На новинарско прашање за шпелкулации дека не му бил издаден НАТО-безбедносен сертификат, министерот Спасовски изјави дека тој располага со безбедносен сертификат од највисоко ниво, а постапката за добивање на НАТО-сертификатот е рече, во тек.
-Многу нешта се шпекулираат во оваа држава без да се има реални информации. Јас имам прво безбедносен сертрификат од највисоко ниво на доверливост во државата, тоа е државна тајна, а во тек е постапката на добивањето на НАТО – безбедносниот сертификат. Сум го имал и претходно, не гледам причина дека таа постапка нема да заврши успешно и сега и очекувам дека многу скоро ќе го добијам и НАТО-безбедносниот сертификат, рече Спасовски./МИА
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ