Досега МВР има приведено 17 лица во врска со пожарите, објави на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Како што напиша, дел од пожарите во земјава се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе и токму поради тоа мора да се има посериозна одговорност.
„Досега МВР има приведено 17 лица, дополнителни 16 лица ce повикани во полициска станица, имаме поднесено три кривични пријави и две прекршочни. Сѐ уште се работи на добар дел од овие случаи и штом ќе заврши со целата постапка ќе се поднесат соодветни поднесоци”, напиша Спасовски.
Постапката, како што се наведува, се води во координација со Јавен обвинител и оттаму се добиваат насоките во однос на квалификација на кривичното дело.