• Latest

Спасовски: Регионалната соработка го положи тестот и во справувањето со коронавирусот

April 28, 2020

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Спасовски: Регионалната соработка го положи тестот и во справувањето со коронавирусот

April 28, 2020 10:52
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Оливер Спасовски во гостувањето во емисијата „Одговорете им на луѓето“ на Федералната телевизија на Босна и Херцеговина посветена на состојбата и справувањето со здравствено-економската криза заради коронавирусот во земјите во регионот, информираше за актуелниот момент на оваа тема во нашата земја и истакна дека стратегијата за одговор на оваа закана дава резултати со повеќе оздравени отколку новозаразени, и дека тоа е резултат на дисциплината на граѓаните кои ги прифатија мерките како неопходни, потоа на исклучителната посветеност на здравствените работници, на вработените во МВР и во Армијата кои во овој период се на висина на задачата и мерките да се спроведуваат максимално дисциплинирано.

Во емисијата, во која учествуваа и премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, потпретседателот во Владата на Србија и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ и министерот за сигурност на Босна и Херцеговина Фахрудин Радончиќ, тема на разговор беа и економските мерки што ги преземаат земјите од регионот за ублажување на последиците за стопанството и економијата.
Како што соопшти владината прес-служба, Спасовски истакнал дека многу бргу со мерките за заштита од коронавирусот од здравствен аспект, дојдоа и економските мерки за справување од последиците по стопанството и економијата.
– Со првиот пакет интервентни мерки беа опфатени 254 компании и 2.853 вработени во микро, мали и средни компании. Заедно со третиот циклус за овие мерки се обезбедени нешто повеќе од 10 милиони евра. Во тек е реализацијата на вториот пакет економски мерки кој главно предвидува директната помош од 14.500 денари месечно за секој вработен, за месеците април и мај, за сите фирми погодени од кризата. Сумата што ќе ја добие секој работник од компаниите што ќе аплицираат, за двата месеци, април и мај, изнесува речиси 500 евра, односно по 14.500 денари месечно. Освен да се задржат тековните плати на вработените, оваа мерка е наменета и за зачувување на работните места, рече премиерот Спасовски во емисијата „Одговорете им на луѓето“ на Федералната телевизија на БиХ.
Спасовски говореше и за значењето на регионалната соработка во решавањето на бројните прашања од итност што ја наметна здравствено-економската криза со коронавирусот, и истакна дека ова посебно дојде до израз во организацијата на спроведувањето на безбедните хуманитарни коридори со кои се обезбеди враќањето на државјаните на Северна Македонија од земјите со висок ризик во нивната татковина и со тоа регионалната соработка го положи тестот.
Едно од прашањата од интерес во емисијата беше и мигрантската криза за која тој потсети дека Северна Македонија зазеде став да дозволи влез на мигранти на својата територија и дека ќе спроведува политика на нула толеранција во однос на евентуалните обиди мигрантите да ја преминат границата.
– Без разлика на корона кризата, ја следиме внимателно и таа ситуација, но главно нема разлика во однос на нашиот став. Во однос на мигрантската криза, Северна Македонија ја градеше својата политика на две основи – едната е европската политика во делот со справувањето со мигранти, а другата е регионалната соработка, односно политика која е заедничка со земјите од регионот. Нема справување со било каков мигрантски бран ако сите земји заедно не носат заеднички ставови и одлуки и ако не соработуваат меѓу себе, рече премиерот Спасовски во гостувањето во емисијата „Одговорете им на луѓето“ на Федералната телевизија на Босна и Херцеговина.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ