• Latest

Спасовски: Справувањето со насилен ектремизам наложува нови форми на дејствување и соработка на меѓународно ниво

October 28, 2019

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Справувањето со насилен ектремизам наложува нови форми на дејствување и соработка на меѓународно ниво

October 28, 2019 09:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Со оглед на тоа што борбата против организираниот криминал е предизвик на 21 век, а неговото влијание се наметнува во сите сфери на општеството, успешното справување со овој феномен е неопходно и бара сериозен пристап од страна на сите институции надлежни за спроведување на законот. Безбедносните закани со кои се соочува Република Северна Македонија се слични не само со заканите во земјите од Балканскиот регион, туку и со земјите од ЕУ и САД, што наложува и нови форми на соработка и дејствување на меѓународно ниво“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраѓањето на отварањето на семинарот „Меѓуресорска соработка во справување со насилен ектремизам и борба против тероризам“ во организација на Канцеларијата за соработка со одбраната при Амбасадата на САД и Националниот комитет за борба против тероризам и насилен екстремизам.

„Во Република Северна Македонија постојат цврста политичка волја и јавна свест за интензивна и континуирана борба против транснационалниот организиран криминал и, во овој контекст, од државата се прават напори, со поддршка и соработка од меѓународните институции, за развој на ефикасна правна рамка и воспоставување на специјализирани институции за сузбивање на овој вид на криминал, како и за побрза и поефикасна размена на информации на билатерална и мултилатерална основа, што е од особено значење“, истакна Спасовски.

„Предизвиците со кои се соочуваме во насока на сузбивање на транснационалниот организиран криминал, од година во година стануваат сè покомплексни и наложуваат продлабочување на меѓународната соработка помеѓу земјите од регионот, но и пошироко, особено во делот на меѓународната правна помош. За поефикасна борба со овој феномен во 2017 година беше воспоставен Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, како надлежно тело за градење на стратегии, координација на активностите помеѓу значајните субјекти во делот на рана идентификација, спречување, па сè до гонење и санкционирање на сторителите. Во таа насока, во месец април 2018 година усвоени се и двете национални стратегии со акциски планови за реализација на стратешките цели, и тоа за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот. Двата стратешки документа се развиени на заеднички водечки принципи и стратешки цели, кои се во функција на безбедноста и сигурноста на граѓаните, владеење на правото и демократските вредности и градење на инклузивни институции. На полето на борбата против тероризмот, Република Северна Македонија има силна соработка со земјите од регионот и меѓународната заедница, како и стратешките партнери – ЕУ, Советот на Европа, САД, НАТО, ИОМ, ОБСЕ и други меѓународни организации“, рече министерот Спасовски, посакувајќи им успешна работа на учесниците на семинарот.

Во Министерството за внатрешни работи во тек се интензивни процеси за зајакнување на институционалните капацитети на специјализираните единици, со развој и имплементација на методологија на работа, стандарди и континуирани обуки.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ