Активната транспарентност на МВР од просечни 59.5% во 2016, денеска во 2022 изнесува високи 91.7% – скок за 32.2% кој заедно со мојот тим успеавме да го издејствуваме откако го преземав раководењето со МВР – од почетокот на рангирањето во 2016 година до денес, поминувајќи три нивоа, од крајно затворена институција до многу добра активна транспарентност, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.
Продолжуваме со создавање отворена, отчетна и транспарентна институција пред граѓаните, преку активна соработка со медиумите – вистински одраз на внатрешната политика на Министерството во насока на градење на довербата помеѓу граѓаните и полицијата, напиша Спасовски.
М.Д.