• Latest

Спасовски: Владата на РСМ јасно ја демонстрираше својата решителност да ги спроведе препораките на ЕК за спречување на тортура

October 18, 2019
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Владата на РСМ јасно ја демонстрираше својата решителност да ги спроведе препораките на ЕК за спречување на тортура

October 18, 2019 12:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Република Северна Македонија во последниве две години направи низа важни чекори кон усогласување со стандардите на ЕУ. Правната и институционалната рамка за заштита на фундаменталните права во голема мера е воспоставена и реформите ја подобрија усогласеноста со европските стандарди за човековите права. Владата на РСМ јасно ја демонстрираше својата волја и решителност да ги спроведе и препораките на Европскиот комитет за спречување на тортура и да направи напредок во спречувањето на тортура и малтретирање. Северна Македонија е докажан партнер на меѓународната заедница и ЕУ… Решени сме и во иднина да продолжиме во тој правец, давајќи максимален придонес и во меѓународните иницијативи на ова поле, а со примарна цел за уште поефикасни заштита на човековите права и особено спречувањето на злоупотребите при постапувањето од страна на полицијата“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во совето излагање на меѓународната конференција “Спречување на нечовечко постапување од страна на полиција: справување со предизвиците кои произлегуваат од пресудите на Европскиот суд за човечки права и други институции при Советот на Европа”. во организација на Советот на Европа што се одржува во Будва, Црна Гора.

Во своето излагање министерот Спасовски посочи низа од досега реализираните проекти и активности на полицијата од областа на регулацијата на полициското постапување, притоа особено фокусирајќи се на тесната соработка со Советот на Европа, особено во делот на изработка на стандардни оперативни процедури на полициско постапување согласно полициските стандарди на ЕУ и стандардни оперативни процедури за внатрешна контрола на полициските прекорачувања и незаконски постапувања.

“Во оваа прилика сакам да истакнам дека од септември 2016 година се отпочна со имплементација на проектот “Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување“ кофинансиран од страна на Европската унија и Советот на Европа чија што, пак, основната цел беше да се воведе ефикасна контрола над работата на полицијата преку воспоставување на надворешен механизам. Во рамките на овој проект, беше избран двостепен модел на надворешна контрола т.н. „Обвинителство плус” кој предвиде воспоставување на посебно одделение во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, специјализирано за кривични дела сторени од страна на вработени во МВР со полициски овластувања и од припадници на затворската полиција. Како и посебно надворешно тело (тело за граѓанска контрола или модел „Народен правобранител плус“), во смисол на дополнителен коректив, со надлежност да покренува постапка по барање на странката-жртва или на член на неговото семејство, или по иницијатива на претставници на невладиниот сектор, како и по сопствена иницијатива по добиени сознанија (допрен глас) за можни повреди на правото на живот и забрана на тортура“, потенцираше министерот Спасовски.

Во тој контекст Спасовски нагласи дека од декември 2018 година отпочна со работа Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција кое е позиционирано во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Притоа тој посочи дека сиот овој механизам за надворешен надзор веќе дава резултати, илустрирајќи дека веќе во првите три месеци од своето формирање, наведеното Одделение постапуваше по предмети против 15 лица, од кои, против две лица е покренат обвинителен акт и за две лица е одреден притвор.

На конференцијата покрај претставници на Советот на Европа и Европската унија присуствуваа претставници од земјите од регионот на југоисточна Европа.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ