Денеска е голем ден за Северна Македонија, кога после неколкугодишно преговарање, во име на Владата на РСМ, а заедно со почитуваната еврокомесарка Јохансон, тука во Скопје, ќе го потпишам Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни ативности спроведени од страна на Агенцијата за Европската гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) во Република Северна Македонија, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.
Ова претставува израз на нашата заедничка посветеност за дефинирање на одржливи, трајни решенија во справување со илегалната миграција и прекуграничниот криминал, при што почитувањето на човековите права и демократските принципи се основни темелни принципи на кои се темели меѓусебната соработка.
Значењето на Договорот со Фронтекс е дотолку поголемо, напиша министерот Спасовски, бидејќи истиот ќе биде потпишан на македонски јазик, покрај јазиците на земјите членки на ЕУ, објави Спасовски на Фејсбук.
М. Д.












