„Очигледно е дека официјалното име на земјата, како што произлегува од Договорот од Препа, беше ратификуван со гласовите на СИРИЗА и на подготвените пратеници, е Северна Македонија. Оттука, секоја дискусија во однос на таблите е од мало значење. Освен тоа, како што добро знаете, таблите го одредуваат километраското растојание меѓу градовите“, изјави портаполката на Нова демократија, Мариа Спираки, на брифингот со новинарите во однос на промената на таблите во северниот дел од земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Одговарајќи на новинарско прашање за изјавите на германскиот министер Михаел Рот во однос на Договорот од Преспа, портпаролката ја повтори позицијата на најголемта грчка опозициска партија дека станува збор за договор штетен за Грција и дека доколку биде потребно Нова демократија, како влада, би го искористила правото на вето.
Спираки додаде дека Нова демократија и Мицотакис веќе јасно ставиле на знаење дека имаат секаква можност да го контролираат патот на соседната земја кон ЕУ и имаат секаква можност да го искористат правото на вето, доколку проценат дека има штета за националните интереси.
А. П.