• Latest

Спировска: Поскапувањето на билетите е непромислена одлука која ќе ја избрка публиката!

January 19, 2017
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Спировска: Поскапувањето на билетите е непромислена одлука која ќе ја избрка публиката!

January 19, 2017 16:15
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со Одлука за утврдување на цената на билетите, донесена во ноември минатата година, согласно одредбите на член 21, точка 6 од Статутот на Управниот одбор на НУ „Театар за деца и младинци“ од Скопје, билетот во единствена културна установа од ваков вид во државата, од 1-ви јануари поскапе за 50 денари и сега чини 200 денари. Актерката од ТДМ, Симона Спировска, во разговорот за ЦИВИЛ Медиа вели дека е нелогично, „во период во кој Владата спроведува антикризни мерки и ги крати дневниците на вработените во администрација, а истовремено троши на проекти кои само ја дозадолжуваат државата, да се зголемува цената на билетот во единствениот државен театар за деца и младинци“!

Актерката Спировска, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека актерите вработени во Театарот за деца и младинци, како и секогаш, последни дознаваат за промените. Според неа, квалитетот на претставите и платите на актерите не зависат од цената на билетот, па и најновото зголемување не е позврзано со нив.

„ТДМ е државна институција, не е самофинансирачка, ние постоиме, земаме плати, добиваме проекти и сето тоа е финансирано од даноците кои ги плаќаат грѓаните. Во период во кој Владата спроведува антикризни мерки – ги крати дневниците на вработените во администрација, а истовремено троши на проекти кои само нé дозадолжуваат, се зголемува цената на билетот во единствениот државен театар за деца и младинци. Зошто?“, прашува Спировска.

Таа истакнува дека во нормални услови би му претходело испитување на моменталната состојба во државата, и изнаожање начини ваквата промена да не придонесе за намалување на посетителите. Но, Спировска потенцира дека единственото „испитување“ кое е спроведено е – споредба на цената на билетите во ТДМ, со цените на билетите на другите театри во Скопје, без притоа да се води сметка за можностите и профилот на публиката.

„Сметам дека оваа непромислена одлука ќе води кон намалување на бројот на посетителите. Уште еднаш ќе повторам дека повисоката цена на билетите нема да влијае ниту на квалитетот на претставите, бидејќи театарот за реализација на проектите добива пари од државата (т.е. од даноците на граѓаните), а истото важи и за платите на актерите вработени во ТДМ“, истакна Спировка.

Директорот на ТДМ, Братислав Димитров, за порталот „Сакам да кажам“, изјави дека „цената на билетите е зголемена оти има многу трошоци, а досегашната цена од 150 денари е смешна“.

„Имаме трошоци за хонорарци и за останатиот помошен персонал. Од друга страна, бројот на седишта е мал, само 112 седишта и економски е неиздржливо да функционираме со таа цена. Одлуката да ги зголемиме цените на билетите е буквално изнуден потег, но беше неопходно за да се овозможи елементарно оддржување на Театарот”, изјави Димитров

Според Димитров, влезот за децата без родители е бесплатен, а Театарот често одржувал и претстави во домовите. Бесплатен е влезот и за социјално загрозените семејства, кои ќе дојдат со потврда дека се приматели на социјална помош, а за организираните претстави преку училиштата, влезницата останува непроменета, по 100 денари.

На изјавата на Димитров, на својот ФБ профил („Петко Црниот“) реагираше актерот Мартин Јордановски, кој го обвини директорот дека трошоците на Театарот се високи поради тоа што не знае да менаџира.  дека ја реновирал канцеларијата со дополнителни средства од Министерството за култура и дека треба да си замине од функцијата. И Јордановски тврди дека со покачувањето на цената на билетот нема да се покачи платата на актерите, и го демантира директорот дека некогаш се одржувале претстави во домовите за деца без родители, тврдејќи дека децата секогаш доаѓале во Театарот, на за нив бесплатни претстави.

Дехран Муратов

 

 

Tags: Братислав ДимитровПетко ЦрниотплатипретставипубликаСимона СпировскаТеатар за деца и младинци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ