• Latest

Спировска: Слободата ја заменивме со автоцензура

January 17, 2018
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спировска: Слободата ја заменивме со автоцензура

January 17, 2018 17:34
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Симона Спировска, активистка, за слободата на изразување и активизмот во контекст на борбата за промените кои настанаа.

ЦИВИЛ Медиа: Што подразбирате по слобода на изразувањето, медиумски слободи и активизам?

Спировска: Зборуваме за нешто што сѐ уште го немаме стекнато. По долгогодишната цензура од центрите на моќ на која се навикнавме, сега во овој период за кој мислиме дека се ослободивме од тој притисок, се автоцензурираме. Си забранувавме сами на себе да ги кажеме нешта пто ги мислиме со страв дека ќе бидеме повторно обележани и отфрлени. Затоа сметам дека најпрвин тоа треба да го надминеме за потоа да можеме да се избориме за она што значи слобода на говор и слобода на медиуми. Истото важи и за активизмот. Не мислам дека по секоја цена треба да се премолчува секоја грешка на новата влада само за да не се врати ВМРО. Крајната цел е сите да се опаметиме. Крајната цел е да ги застапуваме вредностите за кои се боревме.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин ги поддржувате или можете да ги поддржите слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Спировска: Поддршката доаѓа преку борба против автоцензурата, против цензурата која доаѓа од надвор, преку механизми кои ги користиме секојдневно, а не сме ги детектирале бидејќи ни е секојдневие… онаа борба за општество во какво сакаме да живееме.

ЦИВИЛ Медиа: Дали се соочувате со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со нив?

Спировска:  Најчесто ги игнорирам. Најпрвин тие закани не можат да ги сменат моите ставови. На почетокот се обидувам да дискутирам за проблемот, за разликите во ставовите кои постојат, меѓутоа човек на крај се откажува од каква било дискусија. Тие нарачани закани не се нешто што можеме да го промениме, а не се нешто што од друга страна можеме да го избришеме. Јас можам да се надевам дека ќе дојде време кога ваквите ситуации ќе се променат.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки, како да се одбранат слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Спировска: Слободата ја имаме онолку колку што се залагаме да ја имаме. Слободата нема да ни дојде со седење дома. Ниту пак со помирување со нештата и прифаќање дека така стојат работите и не можат да се променат. Има изблици на слобода, но се надевам дека во иднина ќе има уште повеќе. Се надевам дека нема тоа да бидат исклучоци, туку ќе бидат правило и треба да продолжиме да ја браниме како до сега. Со промената на власта, сама по себе нема да дојдат промените што ги очекуваме сите. Само луѓето се менуваат што седат во Владата и одлучуваат за нас. Меѓутоа додека ние не сфатиме дека ние одлучуваме кој ќе седи во Собранието и Владата, сѐ дотогаш нема да ја имаме слободата која ја посакуваме и постојано ќе се цензурираме самите себе.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: @активизамавтоцензураСимона Спировскаслобода на изразување
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ