„Фајненшл тајмс“ во својот специјализиран сервис го објави индексот за успешност на Гринфилд инвестициите ФДИ за 2019.
Според ранг листите за странски директни инвестиции Македонија има огромен пад за само 2 години во делот на инвестиции во ТИРЗ зоните, но и надвор од нив.
Србија е прва, а Македонија за две години од 3-то потона на 18-то место според директни странски инвестиции.
Зад Србија следи Црна Гора. БиХ е на 15-то место, на 17-то место е Бугарија, Романија е 24-та.Во топ 5 се и Камбоџа, Литванија, и Малта, a на последните места на листата се Португалија, Чешка и Салвадор.