• Latest

Спречено ширењето на пожарот во малешевскиот крај, на терен 110 луѓе и 17 возила, Стари суви трупци го отежнуваат целосното локализирање на пожарот

July 22, 2022

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НЕПОГОДИ

Спречено ширењето на пожарот во малешевскиот крај, на терен 110 луѓе и 17 возила, Стари суви трупци го отежнуваат целосното локализирање на пожарот

July 22, 2022 14:23
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од 4 и пол часот утринава до 10:30 на пожарот што го зафати малешевскиот крај, на границата меѓу селата Митрашинци и Будинарци, дејствувал хеликоптер при што е постигнато пожарот да престане да се шири, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Берово, пренесува МИА.

Во гаснење на пожарот се ангажирани 110 луѓе и 17 возила, а преку Дирекцијата за заштита и спасување е побарано во гаснењето да се вкучи и ЕР-трактор (авион).

– На терен се следниве ДЗС со 30 луѓе и со четири возила, ТППЕ-Берово – шест луѓе и две возила, ТППЕ-Делчево – четири луѓе со едно возило. Доброволно ПП Д Кочани со пет луѓе и со едно возило, ШС Малешево од Берово со 22 луѓе со три возила, ШС Равна река од Пехчево со осум луѓе и две возила, ШС од Радовиш со пет луѓе и едно возило, ШС Виница со пет луѓе и едно возило, ЈПКР Услуга со 10 луѓе и две возила и од населението – 15 луѓе, соопшти РЦУК – Берово.

Пожарот што го зафати малешевскиот крај, на границата меѓу селата Митрашинци и Будинарци е делумно под контрола, а проблем за негово целосно локализрање е што гори во енклави, изјави Ѓорге Илиев кој со тим од подружницата на ДЗС во Гевгелија учествува во гасењето на пожарот.

-Секој пожар и мал може да стане голем. Во моментов ние не можеме да дадеме никаква точна проценка, но сепак ние сме тука од раните утрински часови. Од Валандово тргнавме околу четири и пол сабајле, тука бевме околу 6, 7 часот. На теренот веќе бевме пристигнати, пожарот не е активен насекаде, но еве сами забележувате, гори во енклави. И сега се обидуваме тие енклави да ги спречиме, но многу е неблагодарно да прогнозираме дека пожарот е под контрола. Значи пожарот делумно е под контрола, локализиран. Но, сепак има такви енклави каде што се уште се шири пожарот, вели Илиев.

Тој појаснува дека овој простор пред неколку години бил свлечиште, и внатре во самата шума има стари трупци, стари дрва кои се стогодишни со пречник од метар, до метар и половина, што се суви и сега горат.

-Штом горат тие се стркалуваат и ни прават повторно проблем, трупецот излегува надвор од енклавата и прави повторно пожар. И затоа хеликоптерот ги гасеше тие енклави. Сега кога имаме линиски пожари, пожарот ни побегна од тие енклави, тука е авионот по тие линии да може да ни дозволи да се приближиме за да може полесно да го локализираме. Инаку, пожарот е делумно под контрола. Иако не е во целост линијата под контрола до вечер ќе се обидеме да го ставиме под контрола, но не ветуваме, вели Илиев.

Во меѓувреме, за денеска во 17 часот е најавен состанок на Управувачкиот комитет, со кој раководи директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на кој ќе присустуваат министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за надворешни работи Бујар Османи, за транспорт и врски Благој Бочварски, за одбрана Славјанка Петровскаи и за здравство Беким Сали.

Темата на состанокот ќе бидат пожарите и  предизвиците од нив во текот на летото на територијата на државата, но и како да се помогне и на соседните земји со капацитети и ресурси. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ