Граѓаните отворија онлајн петиција за поставување на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи за Јавен обвинител на Република Македонија, на местото на Марко Зврлевски.
Онлајн петицијата ја потпиша и професорката Мирјана Најчевска, која смета дека единствен проблем е што обвинителката Фетаи е млада, но, додава дека сепак, постојат исклучоци. Најчевска на својот Фејсбук статус, додаде дека со петицијата очекува од новата Влада да го слушне мислењето на граѓанките и граѓаните.
Премиерот Зоран Заев, побара од обвинителот Зврлевски да си поднесе оставка, но сè уште нема никаков одговор дали доброволно ќе си замине од функцијата. Зврлевски вчера не сакаше да одоговори ни на новинарско прашање за барањето на Заев.