Косово денеска добила 1.000 тестови за корона вирусот од Србија. Донацијата според министерстворо за здравство е дел од регионалната соработка на земјите кои можаат да помагат на соседите за послесно справување со пандемијата.
Со оваа донација и уште 1.000 пристигнати од Турција, Косово веќе има доволна залиха на тестови за наредниот период, но и покрај тоа, вечерва ќе се бира и доботникот на тендерот за нови количини. Од 8 февруари во Косово се направени 3.915 теста, од кои на 449 лица резултатите биле позитивни на КОВИД-19 и 12 починати. Во болнички третман во Косово се моментално 79 пациенти со корона вурусот.











