• Latest
Фото: МИА архива

„Србија против насилството“ испрати писмено барање до ЕП за итна меѓународна истрага за изборите

February 14, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

„Србија против насилството“ испрати писмено барање до ЕП за итна меѓународна истрага за изборите

February 14, 2024 18:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на „Српската коалиција против насилство“ ја поздравија Резолуцијата на Европскиот парламент за изборите во Србија и изјавија дека признавањето на ситуацијата во земјата, особено „заробувањето на државата и медиумите од страна на Српската напредна странка“, покажува колку е важно да се зачуваат демократските принципи и владеењето на правото во Србија.

„Вашиот повик за независна меѓународна истрага … претставува значаен чекор кон решавање на системските прашања кои ги поткопуваат демократските процеси во Србија. Силно го поддржуваме продолжувањето на овие напори и го очекуваме одговорот на Европската комисија“, се вели во писмото на лидерот на коалицијата „Србија против насилството“ упатено до претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецолa, потпретседателите на Парламентот, лидери на политички групи и сите пратеници, пренесува МИА.

Тие додаваат дека од најголема важност е итно да се распореди ад хок мисијата за утврдување на фактите за изборите во Србија, чие формирање во таа резолуција го бара Парламентот на ЕУ.

„Ваквата мисија е клучна за собирање информации од прва рака и за обезбедување одговорност за секое прекршување на демократските норми, особено оние аспекти надвор од рамката на извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, кои директно влијаеја на исходот од изборите за собранието на град Белград, како и парламентарни, покраински и делумно локални избори.” наведуваат во писмото.

Тие побараа од Европскиот парламент да продолжи да инсистира на исполнување на препораките на ОДИХР, особено оние поврзани со ревизијата на избирачкиот список пред одржување на идните избори.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избориСрбија против насилство
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result