• Latest

Средба на членовите на ДИК со шефицата на ОБСЕ/ОДИХР Андрикине

June 22, 2020

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Средба на членовите на ДИК со шефицата на ОБСЕ/ОДИХР Андрикине

June 22, 2020 16:17
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР, на чело со шефот на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР, Лаима Андрикине, денеска имаа средба со членовите на Државната изборна комисија (ДИК). Целта на овој состанок бил да се разгледаат сите активности кои ќе бидат преземени од страна на ДИК за да се овозможи фер и демократски процес, како и изборен процес кој ќе ги заштити сите учесници на предвремените избори за пратеници на 15 јули што ќе се одржуваат во специфични околности кои ги предизвика Ковид-19.

-Имајќи го предвид тоа, ДИК истакна дека доследно ќе работи согласно законската рамка, со сите донесени акти од страна на Комисијата, кои ги опфаќаат сите изменувања и дополнувања на Изборниот законик, како и согласно мерките и препораките донесени од Владата на Република Северна Македонија и протоколите донесени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, се наведува во соопштението од ДИК објавено на нивната веб-страна.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски ги информираше претставниците на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, дека е донесен Ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори, како и дека се продолжени активностите за ажурирање на Избирачкиот список. Тој ги информирал преставниците на ОБСЕ/ОДИХР дека гласањето ќе трае три дена, односно започнува на 13 јули 2020 година, кога ќе гласаат лицата во домашен карантин поради позитивен тест на  Ковид-19 и лицата кои со решение издадено од Државниот здравствен и санитарен инспекторат кои ќе бидат во домашна самоизолација. За спроведување на гласањето на 13 јули 2020 година, ДИК ќе формира посебни избирачки одбори составени од здравствени работници предложени од Министерството за здравство и лица предложени од политичките партии. На 14 јули 2020 година ќе гласаат болни и немоќни лица, како и хронично болните лица. На 15 јули 2020 година ќе се спроведе гласањето кое ќе трае до 21:00 часот. Лицата кои после 8 јули 2020 година се тестирани и позитивни на Ковид-19 нема да можат да го остварат правото на глас, информирал претседателот на ДИК.

За оваа цел ДИК врши проверка на избирачките места, како би се обезбедиле поголеми простории за денот на гласањето, онаму каде што постои можност, а таму каде што не постои таа можност да се обезбедат услови согласно мерките, препораките и протоколите, за заштита од коронавирусот. Продолжува задолжителната обука на изборната администрација.

На средбата, како што се наведува во соопштението од ДИК, се разговараше и за прашањето за начинот на распределба и користење на финансиските средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија, за радиодифузерите, печатените медиуми и електронските поратли односно интернет порталите што ќе обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната капмања.

Претставниците на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, укажале дека нивна задача е набљудување на изборите и оти на овие избори ќе работат согласно мерките и препораките за заштита од коронавирусот. Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе биде присутна до 27 јули 2020 година кога ќе дадат извештај и следни препораки за понатамошните избори.

Претставниците на ОБСЕ/ОДИХР, укажале дека нивна задача е набљудување на изборите и оти на овие избори ќе работат согласно мерките и препораките за заштита од коронавирусот. Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе биде присутна до 27 јули 2020 година кога ќе дадат извештај и следни препораки за понатамошните избори.

-Отворената соработа помеѓу двете страни останува и понатаму. ДИК ги покани претставниците на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР да учествуваат во сите активности што Комисијата ќе ги презема, за согласно законите, прописите, протоколите и транспарентноста оваа соработка да обезбеди успешен изборен процес, се посочува во соопштението од ДИК.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ