• Latest

Средба на неврзаните: Собир на земји кои седат на троножец

October 19, 2021

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Средба на неврзаните: Собир на земји кои седат на троножец

Движењето на неврзаните е создадено во 1961 година кога настана Берлинскиот ѕид и не случајно стана бесмислено, кога тој Ѕид падна, во 1989 година, односно кога ладната војна почна да еродира.

October 19, 2021 15:41
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Деновиве прочитав дека организацијата на неврзаните земји како интерконтинентална организација наликува на старо радио поставено во некое ќоше на дневната соба, кое побудува сентименти, сите сакаат да го гледаат апаратот ама – не го користат!

Неврзаноста, во тоа секако постои согласност на оние кои се сеќаваат на тие денови на формирањето на третата сила на планетата, беше врзана за геополитиката: постоеја антагонистички два блокови и се јавија многу новоформирани држави (резултат на ослободувањето од колонијалната зависност) кои не сакаат да се врзат за некој од нив. Значи Движењето на неврзаните пред се е дел од атмосферата на ладната војна, на новата светска војна „која само што не се случила“ и кои, онака неразвиени и без идеолошки интереси во мигот, сакаа да влијаат на намалување на постоечките заострени геополитички спорови.

ПРЕД И ПОСЛЕ ПАДОТ НА БЕРЛИНСКИОТ ЅИД

Не случајно ова Движење е создадено во 1961 година кога настана Берлинскиот ѕид и не случајно стана бесмислено, кога тој Ѕид падна, во 1989 година , односно кога ладната војна почна да еродира.

Мирисот на оружјето на последниот собир на неврзаните земји во Белград е присутен, за опсерверот Срѓан Цвијиќ , виш аналитичар на Инстиутот за јавна политика на Отворено општество од Белград и член на Советодавната група Балкан во Европа. „Ние денес живееме на целосно поинаква планета, па во таа смисла собирот во Белград повеќе има носталгична црта, отколку реална вредност во моментната геополитичка ситуација“, додавајќи дека тој собир за владејачката елита во Србија има комерцијален елемент – продажба на оружје на наменската индустрија на што поголем  број земји! Тоа изгледа наметливо, но последниот ден на Собирот, во вторникот, претставниците на Движењето ја посетија изложбата на оружје на наменската индустрија, каде посебно место имаше борбеното возило наречено „лазански“, според контраврзниот починат новинар и познат русофил (стана и амбасадор во Москва) што – според локалните весници – предизвикало голем интерес. Така, онаа оценка од погоре, која на стартот на собирот делуваше импровизаторски, на крајот се оствари: една од целите на домаќинот за сентиментот за 1961 г. се оствари.

И каква е врската меѓу активната мирољубива коегзистенција, еден од основните принципи на неврзаните, со оружјето кое е дел од зовриена планета, каде постојат десеттина оружени конфликти и каде картите на блоковите од она време се целосно „измешани“?!

КАВГАЏИЈАТА АЛИЕВ

Впрочем, колку е ова целосно нова планета говори фактот дека претседател на Неврзаните – Илхам Алиев до скоро водеше војна за Нагорно Карабах (не навлегуваме во мотивите) а мирољубивата коегзистенција, посебно активната, претпоставува дека споровите ќе се решаваат исклучиво со преговори. Во таа војна имаше разурнувања, изгубени домови и животи! Алиев во поздравниот говор ја нападна Ерменија и излезе дека за претседателот на Движењето на неврзаните воинствените тапани се основен мотив во пишувањето на говорот.

Дневниот весник Данас дознава дека Кипар, земјата – членка на Независноста од стартот (кој се случи од 1 до 6 септември 1961 г.). е избришана од списокот на поканетите. Сите се сеќаваме на ликот на авторитетниот Макариос Трети, како лидер на оваа островска земја (која тогаш беше цела!) а која како држава автоматски го изгуби статусот со влезот во ЕУ! Но ,заради карактерот на собирот во Белград (кој не е дел од никаква редовна, официјална функција, туку е дел од одбележување на јубилејот) Кипар требаше да биде таму, но на тоа остро се спротивставил токму претседавачот Алиев.

Уште по парадоксално е присуството на Турција на собирот во Белград – Чавушоглу имаше статус на посебен гостин. Оваа земја е членка на НАТО, еден од најстарите земји во тој „клуб“ и воен сојузник на Азебејџан во нејзиното војување во Горно Карабах. Речиси нема сосед со кого Турција не војувала во последно време а нејзините тенкови постојано влегуваат преку границите на Сирија каде напаѓаат свои цели, по избор. Со Русија има многу блиски односи, нарушени одвреме-навреме, ама ниту малку согласни со генералните определби на пактот во кој влегла.

ИЗОЛАЦИЈАТА НА ПРИШТИНА КАКО ЦЕЛ

Во принцип многу присутни земји на Собирот на неврзаните во Белград оваа есен седат на троножец. Малку ваму-малку таму, кај една или друга или трета велесила, сметајќи дека е добро да се определуваш од дневни политички потреби а не како свое трајно врзување. Најмалку како трајно определување да останат, да речеме, надвор од прегратките на големите и моќни земји.

Самата Србија е најдобар егземплар на таквото однесување: нејзиниот лидер од Брдо кај Крањ, каде се разговараше за влез на балканските земји во ЕУ (!), каде сите земји се членки на НАТО, дојде во Белград да го дочека рускиот министер Лавов. Последниот има статус на наблудувач, иако неговата земја не крие дека и требаат нови сојузници и дека во светот ги има помалку откако кога беше столбот на СССР.

Секако, Србија го повика Лавров како домаќин заради свои безбедносни и економски интереси, што се повеќе од очевидни. Слични односи негува и со третата сила – Кина а во преговори е со ЕУ, што во принцип, ако напредне во тој напор за придружување кон Брисел и следува автоматско бришење од листата на неврзаните!  Но, Србија во овој октомвриски прекуреден самит има и еден друг надворешно-политички интерес.

Она што го прави незгоден судирот Азебејџан – Кипар виа Турција е фактот дека и Баку и Никозија не го признаваат Косово, важен сегмент од потребата токму Белград да се сети на неврзаните во овој миг. Имено, што поголем е бројот на т.н. неврзани држави под закрилата на Белград, негови пријатели, толку е помала можноста Приштина да смета на ширење на листата на оние кои ќе ја признаат косовската независност.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ И ЕКСПРЕСНО ЕРОДИРАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЧЛЕНКИ

На основањето пред шест децении учествувале 24 државници од Азија и Африка (меѓу нив и познатата Сиримаво Бандаранаике) и уште 40 други земји. На денот на падот на Берлинскиот ѕид и крајот на ладната војна Неврзаните броеле 100 држави, според сведоштвото на Јована Недељковиќ од Музејот на Југославија. Тоа бил импозантен број на земји – две третини од членките на ОН, но оттогаш многу работи се сменија. На собирот во 1989 г. дојде Моамер Гадафи од Либија и направи логор од шатори со дузина камили кои пасеа меѓу нив. Тој денес не е жив а неговата земја се дави во долгогодишна граѓанска војна! Слика и прилика што остана од некогашната сила на неврзаните и нивниот авторитет.

„Идеите секогаш можете да ги фалсификувате, ама тие тогаш не се автентични“ – вели историчарот Петар Жарковиќ по повод овој настан за Радио Слободна Европа.

Факт е дека гостите имале шанса да посетат дел од рестораните во Белград, да се вакцинираат ако сакаат, ама никој не успеал да подвлече некој од од петте принципи (дело на индискиот премиер Нехру од 1956 г.) како немешање во внатрешните работи на другите држави, мирољубива коегзистенција, еднаквост и почитување на разликите меѓу одделни држави…  Претставници на неврзаните си заминаа и одново ќе одлучуваат на кој од актуелните троношци ќе си седат од утре. Обидот на Вучиќ да го облече капутот на Тито, што посакуваше, секако е неуспешен. Како и што присутните учесници од земјите основачи се далеку и од сенките на авторитетот на политичарите какви што беа Насер или Нехру кои сосема реално ги придвижуваа работите на планетата и многу влијаеја што во она време не дојде до нова глобална војна.

Македонија не беше спомената како учесник. Таа е членка на НАТО и аспирант за ЕУ и оценката дека нема што да бара во Белград по овој повод е сосема во ред. Таму беа претставници на Црна Гора, Хрватска и Словенија, како набљудувачи, сите членки на Атланскиот сојуз и две од нив во Унијата. Беше и самоповиканиот претставник на Република Српска – Додик, како дел од колоритот на оние кои имаа изразито антизападни изјави. Севкупно, беше лесно да се вклопи во атмосферата која немаше допирни точки со настанот од пред шест децении.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ