• Latest

Средба на Заев со амбасадорката Брнз: САД остануваат наш стратешки сојузник, организирањето фер и слободни избори заедничка одговорност на власта и опозицијата

January 14, 2020
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Трамп ќе ги крати субвенциите за компаниите на Маск за да заштеди пари

July 1, 2025
Фотографија: Wikipedia

Источна Европа со мински полиња во одбрана од Русија

July 1, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Оливер Андонов за ЦИВИЛ: НАТО неминовно мора да ја засили поддршката за Украина во нејзината одбрана од руската агресија

July 1, 2025

Данска го презема претседателството со ЕУ со фокус на вооружувањето, конкуретноста, миграциите и климатските промени

July 1, 2025

Транспаренси интернешнл: Паравоени разузнавачки служби како знак на отворена диктатура, владата на Република Српска воведува паралелни институции за зачувување на режимот

July 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Channels Television

 Омбудсманот Лубинец: Внатрешната анализа на ОН покажа дека Русија е одговорна за експлозијата во затворот Оленовка во 2022, во која загинаа над 50  украински воени заробеници

July 1, 2025

Со електронско пријавување се овозможува движење низ „Шар Планина“

July 1, 2025

Национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата: Коментари во регионот за митингот во Белград

July 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Kanal13

Азербејџан уапси новинари на руската државна новинска агенција „Спутник Азербејџан“, растат тензиите со Москва 

July 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Најмалку 41 лице убиено, 75 повредени во израелски напад врз кафуле во близина на пристаништето во Газа 

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Средба на Заев со амбасадорката Брнз: САД остануваат наш стратешки сојузник, организирањето фер и слободни избори заедничка одговорност на власта и опозицијата

January 14, 2020 16:51
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ денеска се сретна со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Брнз.

На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми, како што се организирањето на фер и демократски избори, процесот на реформи процес, како и процесот на интеграција на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

Претседателот Заев изрази благодарност до амбасадорката Брнз за поддршката што САД континуирано ја дава на Република Северна Македонија во градењето на модерно демократско општество, како и во процесот на реализација на нашите стратешки интереси поставени уште од независноста.

– Цениме што Сенатот на САД веќе го ратификуваше протоколот за членство во НАТО. Владата веќе го достави Протоколот во Собранието и тој ќе биде усвоен пред распуштањето на Парламентот а ќе се ефектуира кога Протоколот ќе биде усвоен од страна на Парламентот во Шпанија. Во зависност од динамиката во Шпанија, очекуваме полноправното членство официјално да биде заокружено на пролет истакна претседателот Заев.

Осврнувајќи за на процесот за организирање избори и работата на преодната влада, претседателот Заев порача дека државата досега во последните неколку изборни циклуси, како локалните во 2017, претседателските во 2019 и референдумот во 2018 година, покажала дека може да организира чисти, фер и демократски избори и дека верува дека тоа ќе биде случај и со предвремените избори на 12 април.

– Преодната влада беше формирана согласно политичкиот договор, законските рокови и уставните услови, без никакви проблеми. Ова е доказ дека нашиот политички и институционален систем функционира многу добро. За изборите на 12 април власта и опозицијата имаат заедничка одговорност. А посебно опозицијата имајќи предвид дека го раководат МВР како институција од исклучително значење во спроведувањето на слободни, фер, демократски и успешни избори, посочи Заев.

Амбасадорката Брнз истакна дека Република Северна Македонија е стабилна на својот пат кон полноправно членство во НАТО и ЕУ и дека треба да продолжи посветено со реформите што се во интерес на граѓаните. Брнз изрази уверување дека на 12 април ќе се одржат фер, демократски и слободни избори на кои ќе се почитува изборната волја и уште еднаш ги реафирмираше ставовите дека САД остануваат силен стратешки сојузник на Република Северна Македонија, велат од СДСМ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ