• Latest

Средба Зечевиќ – Дрекслер: Битката за ЕУ е битка за младите македонски генерации

August 22, 2023

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Средба Зечевиќ – Дрекслер: Битката за ЕУ е битка за младите македонски генерации

August 22, 2023 13:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер во седиштето на партијата. Се разговараше за актуелната политичка состојба во земјава, процесот на уставни измени во македонското Собрание и поддршката од Германија за членството во ЕУ, информираат од СДСМ.

– Благодарни сме за поддршката на Германскиот Бундестаг и усвоената Резолуција со која се признава и се оддава длабока почит на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Германија не е само наша пријателска земја која силно го поддржува европскиот пат, туку и најголем трговски партнер, со голем број инвестиции кај нас, а заеднички делуваме како партнери во НАТО и ОБСЕ. Очекуваме Германија да остане посветена на процесот на проширување на ЕУ и да остане силен наш поддржувач, истакна Зечевиќ.

Тој коментираше и за започнувањето на процесот за уставни измени во Собранието и рече дека ова е историска шанса за продолжување на европската интеграција којашто , како што кажа, не смее да се пропушти.

– Имаме единствена можност, отворена врата за европскиот пат и оваа шанса ние сметаме дека е исклучително важно сега да ја искористиме. Во спротивно ќе видиме како земји од регионот напредуваат а ние стоиме во место, со нарушени односи со ЕУ и со загрозени стратешки позиции. Тоа значи загрозување на националниот и државен интерес. И прашањето е колку генерации ќе загубиме за 11 години? Не смееме тоа да и го направиме на сопствената татковина, додаде Зечевиќ.

Исто така нагласи дека изолацијата на земјата може да е посакувана варијанта, подеднакво за луѓе од внатре но и за структури од надвор, кои не им мислат добро на македонската држава и сакаат да останеме надвор од ЕУ, надвор од европските интегративни процеси, додаде тој.

– Наивно е да се мисли дека причината за тоа е единствено зачувување на партиски или личен рејтинг, станува збор за нешто многу подлабоко. СДСМ е подготвена да се спротивстави на сите деструкции и процесот на интеграција во ЕУ да продолжи. Се работи за Македонија, за иднината на македонскиот народ и сите наши граѓани. Оваа битка за младите македонски генерации мора да ја добиеме и ќе ја добиеме, посочи Зечевиќ.

Тој потенцираше дека сочувувањето на националните атрибути на македонскиот народ, македонскиот идентитет, јазик, култура и наследство е можно само со полноправно членство во ЕУ и целосна интеграција на македонскиот идентитет во комплексниот мозаик на европскиот.

Tags: ГерманијаДрекслерзечевиќмладиСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ