омерцијалните банки во Србија најавија дека ќе ги прекинат трансакциите со Нафтената индустрија на Србија (НИС) доколку компанијата не обезбеди лиценца за работење од САД до предвидениот рок, објави Здружението на банки на Србија.
Најавата следи по предупредувањата за можноста за воведување на „секундарни“ американски санкции против Народната банка на Србија (НБС) и комерцијалните банки поради нивното работење со НИС. Банкарите наведуваат дека ќе продолжат да се придржуваат кон принципите на зачувување на стабилноста на финансискиот систем на земјата.
Американските санкции врз НИС стапија на сила на 9 октомври поради мнозинската руска сопственост во компанијата, со цел да се спречи Русија да ги користи приходите за финансирање на војната во Украина.
Американскиот Стејт департмент не потврди ниту негираше информации за санкциите, наведувајќи дека „во принцип, тие не коментираат однапред за санкциите“.
Во меѓувреме, НИС соопшти дека на 19 ноември поднела барање до САД за нова лиценца за работа, додека преговорите за промена на сопственичката структура продолжуваат меѓу акционерите и заинтересираните страни.
Д. Т.












