• Latest

Стано: По завршувањето на истрагата за Бањска, ЕУ очекува сите страни да соработуваат во судскиот процес

September 12, 2024
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Стано: По завршувањето на истрагата за Бањска, ЕУ очекува сите страни да соработуваат во судскиот процес

September 12, 2024 15:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија го поздравува фактот што косовското Специјално јавно обвинителство ја заврши истрагата за минатогодишниот напад во Бањска и достави релевантни податоци, изјави денеска главниот портпарол на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано, пренесува МИА.

– Европската Унија доследно и постојано го изразува своето очекување сите одговорни и вмешани во овој брутален напад да бидат опфатени со судски процес. Поднесувањето обвинение значи дека сега судската постапка ќе почне и, се разбира, го очекуваме завршувањето на овој судски процес, истакна Стано.

Запрашан дали за оваа тема се разговарало на вчерашната средба на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчек со српскиот претседател Александар Вучиќ, Стано изјави дека Унијата обично не ја коментираме содржината на интеракциите со земјите партнери.

– Но, не се потребни вакви средби за да ја изнесеме позицијата на ЕУ која е многу добро позната и беше повторено во неколку наврати од трагичниот ден од 24 септември минатата година. Очекуваме Србија целосно да соработува во истрагата за овој напад, па дури и ако е неопходно, исто така, да соработува за задржување на одговорните, истакна Стано, додавајќи дека ваквиот став и очекувања на ЕУ им се пренесувани на српските партнери во сите можни прилики.

Тој додаде дека нападот во Бањска придонесе за ескалација на состојбата во Косово без преседан и затоа мора да има последици за одговорните.

– Откако Судот во Косово ќе процени кој е виновен, кој е одговорен, кој е невин, тогаш ќе дојде времето за последиците, изјави Стано, нагласувајќи дека ЕУ има широк спектар на инструменти кои може да ги користи во консултација со земјите членки.

Стано потенцира дека сега останува Судот да донесе пресуда врз основа на наодите на Обвинителството и дека ЕУ ќе го следи овој процес и очекува од сите да соработуваат доколку биде потребно.

Запрашан дали ЕУ инсистира српските власти да го екстрадираат Милан Радоичиќ, кој е еден од осомничените за вмешаност во нападот, Стано изјави дека позицијата на Европската Унија е многу јасна и очекува Србија целосно да соработува со истрагата и поврзаните процедури за ова прашање.

Tags: БањскаистрагаКосовоПетер Стано
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ