• Latest

Стари болести во новите финансиски извештаи на политичките партии

December 2, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стари болести во новите финансиски извештаи на политичките партии

December 2, 2016 13:17
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија ги објави финансиските извештаи за приходите и расходите на партиите за досегашниот тек на изборната кампања. Тимот на ЦИВИЛ – Центар за слобода веднаш започна со анализа на овие извештаи. Веќе на прв поглед, може да се забележи дека старите болести поврзани со финансиското работење на политичките партии се провлекуваат и во овој изборен процес. ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните самите да се уверат во оваа првична констатација и да ни ги испраќаат своите коментари и согледувања. 

Исто така, се повикуваат сите граѓанки и граѓани кои имаат информации за финансирањето на партиите, за начинот на кој се прават донациите и начините на кои тие средства се трошат, тоа да го пријават во ЦИВИЛ. Анонимноста на изворите на нашата организација секогаш максимално се почитува. Тоа, впрочем, е добро познато во јавноста, како што е познато дека ЦИВИЛ ужива огромна доверба кај сите граѓанки и граѓани на Република Македонија.

На Интернет страницата на Државната изборна комисија денеска е се објавени финансиските извештаи на партиите учеснички на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември, до средината на предизборната кампања. Сите политички партии го испочитуваа законскиот рок за доставување на финансиски извештаи за првиот дел од кампањата.

izveshtajdik

Извештаите, освен до ДИК, се доставуваат и до Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата.

На Интернет страницата на ДИК се објавени извештаите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА, ДУИ, Коалиција за промени и правда – Трет блок, ПДП, Либерална партија, „Коалиција за промени и правда“, коалицијата „ВМРО за Македонија“, коалицијата „Алијанса за Албанците“, „Беса“ и Левица.

Најмногу донации од поддржувачи, од четирите најголеми политички партии, пријавила СДСМ – 9,5 милиони денари, па ВМРО-ДПМНЕ – 7,4 милиони денари, потоа ДУИ, со пријавени донации од речиси 7 милиони денари и ДПА со 602.000 денари

Покрај 11 партии и коалиции учеснички на изборите, ДИК го објавува и извештајот на Демократската бошњачка партија, која наведува дека „нема примено никакви донации од физички и правни лица на своја сметка“.

Според членот 84б од Изборниот законик, организаторот на изборната кампања е должен единаесеттиот ден од изборната кампања, да поднесе финансиски извештај за приходите и за расходите на жиро-сметката за изборната кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на десеттиот ден од изборната кампања.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКдонацииизборен законикподдржувачиприходи и расходифинансиски извештаи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result