Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ (Increasing Market Employability) во соработка со CEED Hub Skopje, објави повик за пред-акцелераторска програма за стартапи основани од жени.
Повикот е наменет за жени и девојки со бизнис-идеја или веќе основана компанија. 12-неделната пред-акцелераторска програма на стартап компаниите и бизнис идеите ќе им помогне во развојот и усовршувањето на бизнис-моделот, развивањето и усовршувањето на презентација пред потенцијални инвеститори, работниот простор, за ментори, советници, настани, за едукација, за вмрежување и поддршка во развојот на производите или услугите. Рокот за пријавување е до 28 февруари.
Програмата се спроведува со соработка со Националниот Младински совет, Асоцијацијата на бизнис жени, Мултикултура и Една може.