• Latest

Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната

October 11, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната

October 11, 2025 09:29
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален граничен Систем за влез/излез (ЕЕС), кој според очекувањата на Европската комисија би требало да го поедностави и забрза процесот на премин на граничните премини. Сепак, постои загриженост дека воведувањето на ЕЕС во пракса, барем во почетокот, ќе предизвика застои и поголеми гужви при пасошките контроли.

Портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи Маркус Ламерт изјави дека со новиот систем ќе се врши електронско регистрирање на податоците за државјаните од трети земји кои не се членки на ЕУ при нивното преминување преку надворешните граници на Шенген зоната за престој во држава членка до најмногу 90 дена.

Имплементацијата на системот ќе биде постепена во период од шест месеци, при што во првите 30 дена земјите членки ќе треба да евидентираат најмалку 10 отсто од лицата што ја минале границата, до 90-от ден таа стапка треба да достигне најмалку 35 проценти, а до 180-от ден треба да почне евидентирањето на сите преминувања. Со ова практично од 10 април 2026 година ЕЕС системот треба да стане целосно оперативен и да ги регистрира сите странски државјани што ќе ги преминуваат надворешните граница на ЕУ преку кој било копнен премин, пристаниште или аеродром.

Ламерт посочи дека првично ЕЕС системот ќе се применува само на некои гранични премини, но по истекот на шесте месеци тој ќе биде целосно имплементиран.

– Со ова, ставањето печати во пасошите како што е сега пракса, ќе биде заменето со електронско евидентирање во системот, додаде Ламерт.

Тој најави дека од сите државјани на трети земји при нивниот прв влез или излез од Шенген зоната по стартувањето на ЕЕС системот ќе бидат земани податоците за пасошот, како и биометриски податоци – фотографирање и отпечатоци од прстите. Предвидено е овие податоци да се чуваат три години, така што при секој нареден влез или излез во тој период ќе се врши само брза верификација на нивниот идентитет, без одново земање податоци, пренесе МИА.

Електронското евидентирање во системот ќе важи за сите државјани на трети земји, вклучително и за македонските граѓани, при влез во сите земјите на ЕУ, со исклучок на Кипар и Ирска кои не се дел од Шенген зоната, како и во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

Според најавите, на почеток системот ќе биде целосно оперативен само во Естонија и Луксембург, додека останатите земји ќе го имплементираат етапно. Така, најголемите европски земји, како Франција и Германија, првично на аеродромите ќе вршат селективно евидентирање со цел да избегнат создавање огромни редици за чекање. Хрватска до крајот на октомври на сите премини ќе врши електронска регистрација на патниците само по четири часа на ден, по што во ноември тоа време ќе се удвои на осум часа, а во декември на 12 часа. Словенија, пак, ќе започне со имплементација на ЕЕС на аеродромите во Љубљана, Марибор и Порторож и во пристаништата во Копер и Пиран.

Белгиската европратеничка Асита Канко, која е известувачка на Европскиот парлмент за ЕЕС системот вели дека со него ќе се зголеми безбедноста, ќе се забрза граничната контрола и ќе се спречи илегалната миграција.

– Главна предност за граѓаните на ЕУ од воведувањето на Системот за влез/излез е побезбедна Шенген зона и побезбедно искуство при меѓународните патувања, вели Канко во изјава за Европската новинска редакција (ЕНР) од која дел е и МИА.

Во врска со стравувањата дека стартот на ЕЕС ќе резултира со зголемени гужви на премините, Канко вели дека секогаш може да има некои проблеми кога се воведуваат „нови важни ИТ системи“

– Постепеното воведување беше договорено токму за да се избегнат големи проблеми. Властите и патниците на граничните премини ќе можат да се навикнат на системот чекор по чекор. Во случај на непредвидени проблеми или прекумерно време на чекање, локалните гранични службеници можат привремено да го суспендираат користењето на системот, додаде Канко.

Сепак, според неа, на долг рок системот би требало да помогне во намалувањето на времето на чекање на границите.

Канко додава дека ЕЕС системот ќе се осигури дека луѓето што влегуваат во Шенген зоната имаат важечки лични документи, а властите ќе можат да го потврдат нивниот идентитет и да утврдат дали некој го пречекорил дозволеното време за престој во ЕУ.

– Сите луѓе со добра волја од земји кои не се членки на ЕУ, а кои патуваат во ЕУ ќе можат да продолжат да доаѓаат без да се грижат за ништо, истакна Канко.

Во пресрет на стапувањето во сила на ЕЕС системот, македонското Министерството за внатрешни работи им препорача на сите оние наши граѓани кои планираат да патуваат во земја од Шенген зоната по 12 октомври да се запознаат со новите правила и процедури, со цел да се осигурат дека нивните патувања ќе бидат навремени, безбедни и без непотребни одлагања.

Чувствителните биометриски податоци собрани со ЕЕС ќе бидат обработени и складирани во согласност со строгите стандарди на Европската Унија и Општата регулатива за заштита на податоци (ГДПР), што обезбедува највисоки гаранции за целосна заштита на приватноста и нивно транспарентно користење, а комуникациските канали што ќе се користат за нивен пренос ќе бидат безбедни и шифрирани.

Предвидено е почитувањето на овие мерки да ги следат Независниот европски супервизор за заштита на податоците и националните органи за заштита на податоците.

– Значи, со стапувањето на ЕЕС во сила и ќе имаме побезбедни граници во Шенген зоната, заклучи европратеничката Канко.

ЕЕС системот, чија примена почнува 10 години по неговото првично предлагање, е дел од пакетот на ЕУ „Паметни граници“, кој има за цел да го подобри управувањето со надворешните граници на Унијата преку користење на најсовремена технологија и иновативни решенија.

Пакетот „Паметни граници“ ги вклучува ЕЕС, Европскиот систем за информации и авторизација на патувања (ЕТИАС) и мерките за проширена и хармонизирана употреба на системите за автоматска гранична контрола (AБЦ) од страна на земјите членки.

Целосната имплементација на ЕЕС е предуслов за почеток на примена на ЕТИАС системот, што се очекува да се случи кон средината на следната година.

ЕТИАС претставува електронско овластување за патување во земјите Шенген зоната, инспирирано од американскиот EСTA систем. Со оваа мерка државјаните на трети земји, вклучително и македонските, пред да патуваат во ЕУ ќе мора да пополнат онлајн формулар за барање овластување за патување, да платат такса, која се очекува да изнесува 20 евра, и да чекаат одобрување на апликацијата.

На патниците без важечко ЕТИАС овластување би можело да не им биде дозволено да се качат на авион на лет кон земја од Шенген зоната или да бидат вратени од премин на надворешните граници.

– Заедно, овие системи ќе овозможат поефикасно, побезбедно и поудобно искуство за патување за сите патници до и од ЕУ, порача Европската комисија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ