Штрајкот на рударите и блокадата на патот кон рудникот “Саса” се ставени во мирување, информираше претседателот на сидикалната организација на МЕСО во Македонска Каменица, Сашо Јованов.
Одлуката е донесена на состанокот, кој доцна синоќа се одржал во Владата на Република Македонија, а во присуство на раководствата на Сојузот на синдикатите на Македонија, Мултиетничкиот синдикат за образование и менаџерскиот тим на рудникот „Саса“ и како набљудувач присуствувала градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Јованов вели дека синоќа по 22 часот и 30 минути тргнати се блокадите од локалниот пат во Долна Саса, а од денеска рударите почнуваат со редовна работа.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.