• Latest

Стеријовска: Бегањето од конфликт води кон едноумие

January 5, 2018

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стеријовска: Бегањето од конфликт води кон едноумие

January 5, 2018 11:00
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Очекувам воспоставување на некакви целокупни норми на живеење, што е навистина тешко со оглед на девастираната состојба во којашто бевме, вели Ирена Стеријовска, уметник и активист на Шарената револуција во разговор за ЦИВИЛ медиа за Перспективи 2018.

„Се надевам дека ќе почнеме да гледаме од сите надлежни институции и органи едно создавање на некаква можеби идеологија или ете можеби правец којшто ќе биде општоприфатен и строго ќе се држиме на правилата на игра. Во сите сфери мора да се создаде систем на валоризирање. Тоа е нешто што нам најмногу ни недостасуваше овие десетина години, па можеби и претходно. Мислам дека треба конечно да почне да функционира еден мерит систем, систем на меритократија, каде што подоброто секогаш победува. И сметам дека тоа се генерално цивилизациски вредности и сметам дека не може своеволно да се прекршуваат тие работи затоа што тоа не носи до било каква продуктивност“, вели Стеријовска.

Во однос на нејзиното делување во општеството како уметник Стеријовска смета дека голем проблем е критичката мисла, а со тоа и создавање на некаков вредносен систем за тоа што е добро и што не е.

„Да можеме да бидеме доволно свесни самите да одлучиме што е добро, што е квалитетна уметност, што е трајна вредност во уметноста, наместо да чекаме да ни се врати некој со награда од надвор па евентуално така да го валоризираме. Се надевам дека популистичкиот пристап на културата којшто го имаме можеби и сме го имале од секогаш, ќе се метаморфозира во еден пристап на бркање на квалитет во уметноста. Тоа подразбира создавање на плодна почва за уметниците да работат. Значи општеството да препознае кои уметници имаат капацитет да се извадат од една просечност којашто владее во повеќе сфери на уметноста. Се надевам дека ние уметниците како еснаф ќе останеме доволно силни, прибрани, сложни и чисти во идејата и во мислата да се избориме, бидејќи тоа сепак, не може само системот да го направи, туку мора да знаеме дека сепак ние сме учесници во системот. Да не бегаме од обврските и да не бегаме од борбата и да не бегаме од конфликтот, затоа што бегањето од конфликт носи до едноумие. Она што е битно е во ова ново време да има повеќе гласови, поголема конструктивност и така да се одбираат подобрите работи“, потенцира таа.

Овој разговор е дел од серијата видео-изјави под заеднички наслов „Перспективи 2018“ во кој учествуваа околу 20 врвни експерти и претставници на граѓанското општество. „Перспективи 2018“ е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента
Фотографија: Дехран Муратов

 

Tags: @активизамИрена Стеријовскаконструктивностнадежиопштествено влијаниеперспективипрепоракисистем на вредностиуметност
Share58TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ