• Latest

Стигнаа првите 24.000 вакцина „АстраЗенека“ преку Ковакс-системот

March 28, 2021
фото: ДЗС

ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

July 7, 2025

Инженери на Македонија: Се отвораат ли врати за скриени интереси со штотуку донесените измени на Законот за енергетика, дали се прави простор за привилегирани инвеститори?

July 7, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп се заканува со царина од 10% за земјите што ја поддржуваат „антиамериканската политика“ на БРИКС

July 7, 2025
Blokada pred Praven fakultet vo Belgrad/ Foto> screenshot N1

На осмиот ден од протестните блокади во Србија, полицијата ги спречува блокадите во Белград

July 7, 2025
Фото: Скриншот

Во Собрание денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот

July 7, 2025

Израелските напади убија најмалку 38 лица во Газа, додека преговорите за прекин на огнот стигнаа до критична точка

July 7, 2025
Бенјамин Нетанјаху, израелски премиер (фото: МИА)

Нетанјаху денеска во Вашингтон на разговори за Газа

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Стигнаа првите 24.000 вакцина „АстраЗенека“ преку Ковакс-системот

March 28, 2021 10:06
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Првите 24.000 дози вакцина „АстраЗенека“ од вкупно 100.000 кои што треба да стигнат идниот месец од ковакс-системот, дојдоа утринава на скопскиот аеродром. Ги пречека министерот Венко Филипче со амбасадорите на САД, Германија, Франција и дузина странски дипломати.

Нови 1.320 случаи на КОВИД-19 беа регистрирани вчера од направени 4.738 тестирања во претходните 24 часа, починаа 35 лица, а оздравеа 514 пациенти. Во ковид-центрите, се хоспитализирани 1498 пациенти, а се слободни околу 200 кревети. Бројот на активни ковид случаи изнесува 18.243.  Пикот од третиот бран на вирусот, според здравствените  власти, е пред нас.

Министерот Филипче верува дека  со  првите 24.000 вакцини преку Ковакс системот в среда ќе почне масовната имунизација на населението.

Има, како што вели, најава по 15 април за количина од близу 20.000 вакцини од системот за европска солидарност, за што вчера претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во телефонски разговор го информираше премиерот Зоран Заев. За април има најава и за одредена количина што ги најави Бугарија пред неколку месеци, кинеските вакцини исто така, така што верувам дека тоа ќе биде еден систем што ќе започне брзо со работа. Верувам дека процесот ќе започне в среда кога ќе се завршат сите формалности околу администрацијата и документите, дозволите за употреба согласно со регулативата на Агенцијата за лекови за да имаме навистина добар систем на спроведување на процесот на вакцинација, рече Филипче во телевизиско гостување.

Како што објави вчера премиерот Заев претседателката на ЕК го информирала дека ЕУ обезбедува 651.000 дози вакцини за заштита од Ковид-19 како директна помош за граѓаните на земјите од Западен Балкан, а соодветен дел од нив согласно бројот на жители во текот на април ќе пристигнат и во Северна Македонија.
Претходно бугарскиот премиер Бојко Борисов, изјави дека Бугарија идната седмица ќе добие 200.000 вакцини и оти дека ќе предложи 5.000 вакцини од нив да испратат за  Северна Македонија. Борисов, како што јави дописникот на МИА од Софија, изјави дека тоа ќе биде вистински пријателски гест за здравјето на луѓето.
Околу 5000 жители од БиХ, Црна Гора и над 2000 македонски државјани вчера бесплатно се вакцинираа на Белградскиот саем со вакцините на АстраЗенека. Во Ниш, пак, во тек е вакцинација на бизнис заедницата од државав во организација на Стопанската комора на Северна Македонија. Од нашите државјани кои се вакцинираа во Србија оние кои ќе сакаат, како што најави  Филипче, ќе можат ревакцинацијата да ја направат во државава.

Следната недела ќе биде критична за состојбата со вирусот согласно проценката на промена на инциденцата во различни градови на државата. Брановите обично трaaт шест до осум недели, веќе истекува шестата недела и се соглaсувам дека пикот можеби е веќе пред нас, рече Филипче, посочувајќи дека  дополнителна рестрикција нема да даде резултати затоа што веќе вирусот е широко распространет.

Покрај постојните капацитети најавено е дека од понеделник за ковид пациенти во функција ќе биде ставена и болницата за рехабилитација во Козле, каде има 100 кревети.За состојбата со капацитетите во клиниките и ГОБ 8 Септември, состојбата на пациентите и ротациите на медицинскиот персонал вчера се одржа состанок  на министерот Филипче  со директорите на ковид центрите во Скопје.

– Здравствениот систем деновиве се соочува со најголемиот предизвик до сега, состојбата во болниците е алармантна, но и покрај тоа со секојдневни напори се оспособуваат нови оддели за хоспитализација на ковид пациенти. Во исто време болниците се отворени и за болни кои имаат итни здравствени проблеми и им е потребна брза лекарска интервенција, за хронични пациенти чија состојба се влошила, за прегледи на болни кои мораат да ја контролираат редовно здрвствената состојба. Вработените во болниците дават натчовечки напори за да ги згрижат сите пациенти, соопштија од МЗ по средбата.

Од Министерството за здравство повторно апелираа до сите граѓани, да бидат исклучително одговорни овој период, бидејќи штитејќи се себе си го штитат и здравјето на другите. Се апелира посебно младите да не се групираат и задолжително сите граѓани да ги почитуваат јавно здравствени мерки – носење  на заштитна маска, одржување на физичка дистанца и хигиена.

Според последните податоци на МЗ заклучно со вчера, во Скопје се хоспитализрани 66 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а вкупно се лекуваат 629 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19. На Интерните и хируршки клиники имало 39 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 примени пациенти и 9 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни,а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести

Во ковид центрите во болниците низ земјава, пак, е пријавено дека се лекуваат вкупно 869 ковид пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 85 пациенти, во Штип 53 пациенти, на  инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 133 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 104 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 28 во Кичево 32, Кавадарци 73, а во Гевгелија 26 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.

Според МЗ, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Извор: видео – МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ