• Latest

Стоење, седнување, станување

December 17, 2020

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Стоење, седнување, станување

December 17, 2020 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Има ли логика во редоследот? Во животот секако, но во политиката тоа е повеќеслојно. Таму ниедно правило од логиката не важи а важи само борбата за опстанок. Ако нешто е потврда за Дарвиновата теорија, тогаш нашите политичари не оставаат сомнеж дека таа е надмината.

Последната недела, некако во јавноста како да преовладува терминот фотелја, а тој предмет не е ништо повеќе од добро заштитен обичен стол со меки делови за подобра удобност на корисниците. Е, таа удобност стана свет тотем на исполнување на идеалите во нашата држава. Седнувањето е идеал а станувањето од нив е трагедија со епски размери и повеќестрани последици.

За да не мудруваме премногу, ќе ви раскажам една приказна за мојот чичко Андреј од Ново Село од која може и по нешто да се научи.

Зимска недела, ден за семеен ручек ама со долго времетраење до пладневните часови кога супата од живински нозе се изнесува на семејната трпеза. Андреј по обичај и определба мора да скокне до маалското кафеанче да наслушне што е најважно во околината но и на општествен план. Се монтира како на воена вежба и отсечно ја пријавува маршрутата: Ќе излезам малку до Друмот да видам има ли некој со новости. А кафеаната топла и веќе запоседната од слични општествени работници. На едната маса се игра табла и заровите во познат ритам ја подигаат атмосферата – дупло, душиш, дубара, се слуша, а сите полека се поместуваат кон таа маса.

По некое време низ задимената просторија се појавува надреалистичка слика на двајца играчи со зажарени очи и над нив надвиснати комшии што будно ја следат играта и се ставаат во улога на актуелните седачи на страните од таблата. Секој со свое мислење за генијалноста на потезите и грешките што според нив ги прават  играчите. Но мислењето не се кажува гласно. Најдалеку, што може да отиде гласот со значајниот заклучок е до увото на персоната што стои до истиот таков учесник во целиот процес на играта. Како колективно влегување во транс, играта станува и заедничка и општа а губитникот ќе ја осети сета тежина на поразот.

Супата стигнува на масата. Топла, жолта со островчиња од маснотии а морковите и фидето се натпреваруваат кој ќе исплива на површината. Замирисува тесната кујна што во недела ја има улогата на семеен парламент. Стравот дека ќе се олади е сѐ поприсутен, а и гладот веќе испливува како императив. Благој, ај претрчај до кафеанчето и види до каде е татко ти, само погледни низ стаклото и дојди кажи. Педесетината метри Благој ги поминува какао Дане Корица и го допира лицето на стаклото на кое пишува ООЗТ  угостителство. Едвај од тутунскит чад го забележува татка си со пиво во раката, како без трепет ги следи завршните потези со пуловите. Со иста брзина се врака и уште од вратата довикува: Мамо, се игра табла а татко уште стои. Брз потег со кој се отпашува пешкирот и веднаш паѓа командата: Седнувајте деца на ручек, штом татко ви стои нема бргу да се врати. Ако седеше ќе станеше и ќе си дојдеше, но штом стои тој допрва ќе седнува. Ние да ручаме, а тој сам нека јаде кога ќе дојде.

Има ли некаква врска приказнава за чичко Андреј со нашава денешна состојба на партиски план. Еве кои се моите паралели.

Сдсм победи и седна на столчето од главната игра. Сѐ што може да направи е да се концентрира на играта за да може да победува. Императивот на победа го стеснува кругот на средства. Се напуштаат идеолошките убедувања, се релатизивираат предизборните ветувања. Системот што тешко се реформира го стега обрачот околу идеалите и принципиелноста. Она што го критикуваа, сега се приморани да го практикуваат. Членството што стои околу главните фотелји врши притисок врз играчите. Место да се соберат најумните глави во државата и се бараат решенија што ќе добијат широк консензус а со тоа и шанса да се реализираат, СДСМ се повеќе се потпира исклучиво на партиски кадри.

И кога искрено се сака да се надминат партиските рамки, со некои кадри однадвор , веднаш партиската врева и притисок ја згаснуваат иницијативата.  Затоа се разместуваат пратеници на министерски , директорски места. Ризикот да се предложи не истакнат партиски кадар е голем,  на секој  од следни избори, ако не се игра според интересите на партијците, поддршката е помала. Ова е лесно да се елаборира ако се анализираат последните избори во Штип и Пласница.

За таква анализа ќе пишувам друга колумна. За неколку десетици директори со по два или три пати ВД статус и да не зборуваме. А за критиките околу кршењето на законот во такви случаи сега се слуша само од опозицијата, која кога беше на власт (седеше на таблата) правеше цели мандати со ВД состојби. Затоа, многу од изјавите на партискиот челник изгледаат според онаа народната –  чекор напред , чекор назад. Сега сите погледи се вперени во нив и како ќе играат и како ќе ги служи среќата. Зарот не секогаш ја слуша раката, ниту среќата желбата.

А според мудроста на моите ново-селци – штом седат и ќе станат, можеме да почекаме со ручекот.

Опозицијата е во друга, исто незавидна положба. Тие се во улогата на набљудувачите на играта и се надеваат дека ќе седнат на местата за игра. Засега, сите свои замерки  ги кажуваат со нетрпеливост кон главните играчи за кои сметаат дека со измама им го зеле местото, кое ним им припаѓа.

И овде нема издржани предлози за решенија што само можат да ја подобрат и партиската атмосфера и  ја зголемат довербата на гласачите. Воглавно, реториката е упатена кон егзалтираното членство за кое сметаат дека  бара од нив уништување на противникот. Добар предлог од мнозинството, изгледа беше, само кога се доделуваа пари во партиските класи.

Комплицираноста на состојбата во која се наоѓа партиското раководство е како сликата во мојава ново-селска меана. Во улогата на играчи на таблата сега се тие а околу нив се набљудувачите кои ги притискаат со своите коментари и совети, надевајќи се дека ќе погрешат а тие ќе можат ем да ги навредат, како терапија за се што не смееле да им кажат дотогаш, ем да седнат на нивното место . А сите се сеуште далеку од главната игра.

Да ручаме подобро ќе биде, зошто додека се истуркаат меѓу себе оние сто стојат, па седнат па почнат да играат, не само супата, туку ручекот ќе се олади, а десертот и онака се служи ладен.

Тешко се примаат совети во нашево транзициско општество, полно со митови и неостварени сонови. Затоа најголем дел од ликовите што се на политичката сцена ни изгледаат како конфекција. Нема премногу оригинални, ни лица ни дела.

А и кафеаните затвараат во 18часот.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ