• Latest

Стојановиќ: Имаме поддршка од Владата за вработување на 100 нови затворски полицајци и над 23 милиони евра за изградба и реконструкција на КПД „Идризово“

July 18, 2023

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Стојановиќ: Имаме поддршка од Владата за вработување на 100 нови затворски полицајци и над 23 милиони евра за изградба и реконструкција на КПД „Идризово“

July 18, 2023 15:50
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Како в.д. директор на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ, оваа година во јануари повторно се врати во Управата откако во 2020 година беше разрешен од позицијата, а на негово место беше назначен Марјан Спасовски.

Со Стојановиќ разговаравме за состојбите во затворскиот систем, во периодот додека не бил на таа функција, за безбедноста на затворите, тековната состојба на проекти кои во негово отсуство се делумно или не се завршени. Стојановиќ во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа даде осврт и на значењето на пробицијата, како иднина на затворскиот систем.

Што се однесува до идните планови на Управата, Стојановиќ, изрази верување дека до 15 август ќе има нови 100 вработени затворски полицајци и дека ќе се распише тендерот за почеток на втората фаза за изградба и доградба на КПД „Идризово“.

ЦИВИЛ Медиа: Да почнеме со најактуелното прашање. Каква е безбедноста во затворите во овој момент?

Стојановиќ: Безбедноста е на задоволително ниво, иако имаме зголемена безбедност во однос на КПД „Идризово“ која произлегува од она што е кажано и веќе го знаете, а тоа е недостиг на извршители на затворска полиција. Меѓутоа и тоа веќе се менаџира. Владата даде согласност за прием на 100 нови затворски полицајци, од кои 20 со висока стручна спрема, а 80 со завршено средно стручно образование и сметам дека тоа во скоро време ќе биде реализирано и дека со тоа ќе се надмине потребата од кризната состојба на територија на КПД „Идризово“.

ЦИВИЛ Медиа: Значи, очекувањата се дека ќе нема нови бегства од затворите?

Стојановиќ: Кога зборуваме за бегства треба да разграничиме што е оддалечување од кругот, што е злоупотреба на погодност, што е класично бегство. Бегство е од затворени услови и совладување на препреки. Ќе го земам како пример КПД „Идризово’. Бегство може да се нарече оној настан кога имате совладување на физички препреки. Меѓутоа кај нас најчесто се перципира дека е бегство и злоупотребата на погодноста, невраќање од 7 часа или викенд отсуство, невраќање по правото на годишен одмор или прекин на казна. Сето тоа се опишува како бегство. Мислам дека треба да направиме дистинкција и поинаку да го дефинираме што значи едното, што значи другото. Бегство секогаш ќе има, затоа што осудените лица се склони кон избегнување на издржување на казна и чекаат можност и прилика да го направат тоа.

ЦИВИЛ Медиа: Единаесет години ве држеа во „фиока“ како што кажавте во едно интервју за ЦИВИЛ Медиа во март, 2020 година, затекнавте катастрофална состојба во затворите кога дојдовте на местото директор на Управата за извршување на санкции во 2017, а во меѓувреме, започнавте амбициозни проекти, меѓу кои е пробацијата? Што се случи во меѓувреме? Какви се состојбите сега?

Стојановиќ: Како што рековте интервјуто беше дадено во март 2020 година. Од тогаш се заокружија проектите што тогаш беа во тек на изградба и реновирање. Од тогаш воспитно поправниот дом во Волковија се заврши и стави во функција на 3 ноември 2020 година и функционира по европски стандарди. Таа година во месец мај беше завршена и опремена најголемата судница Во тековната година тогаш беа проекти, но се заврши и реконструкцијата на затворот во Битола.

Исто така, во 2020 година во месец ноември бев разрешен од позицијата директор на Управа за извршување на санкции и бев поставен за директор на КПД „Идризово“, каде што бев 13 месеци до 27 декември 2021 година, па потоа бев во мојата матична институција воспитно поправниот дом во Тетово, исто така, 13 месеци. Од 18 јануари повторно сум вршител на должност во управата за санкции каде што се трудам оние проекти и планови што се зацртани со меѓународниот фактор да се реализираат и да се стават во функција.

ЦИВИЛ Медиа: Што се случи во периодот од вашето заминување, до вашето повторно враќање на позицијата директор на Управата а извршување на санкции, како течеле работите, дали имало застој?

Стојановиќ: Сметам дека во одреден сегмент има одреден застој во тие две години. Имено, тоа најмногу се гледа во движењето и развојот на проектот за изградба и реконструкција на КПД „Идризово“ која за мене е излез од состојбата на немање доволно простор и адекватни услови за реализација на казната затвор. Во таа фаза се предвидени посебни објекти за високо ризични осудени лица, дом, болница, предвидена е централна кујна, пекара, перална и централен притвор. Со централниот притвор, својта функција ќе си ја добие и судницата која што е изградена.

Морам да истакнам дека Владата излезе во пресрет обезбедувајќи за довршување на овој проект, односно 23 милиони и 380 илјади евра, што во мојата 30 годишна кариера го немам доживеано. Тие две работи се навистина огромна поддршка и заложба на Владата за надминување на проблемите во затворскиот систем.

ЦИВИЛ Медиа: Кажете ни повеќе за проектот за пробација. Што е постигнато, а што треба да се направи во претстојниот период?

Стојановиќ: Тоа веќе не е проект, тоа е веќе работа која што функционира во затворскиот систем. Пробацијата е сектор во Управата за извршување на санкции каде што има 33 вработени лица разместени во 11 канцеларии низ државата. Точно е дека јавноста не ја перципира како значаен елемент од казнениот систем во државата, а моето мислење е дека пробацијата е иднината на затворскиот систем. Имено кога во 2017 дојдов на позицијата во Управата немаше ниедна канцеларија, имаше само 4 предмети што ги менаџираа вработените во Управата за извршување на санкции. Со претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, ја отворивме првата канцеларија во ноември 2017 и од тогаш се отворени уште 10 други канцеларии, со вработени млади и едуцирани кадри. Во 2018 имаше 2 случаи, во 2020 286 ефективни случаи, 2021, 451 случај, во 2022 има 475  случаи, а во тековната 2023 имаме 374 активни случаи. Ако кажеме дека имаме 2000 затвореници, пресметајте колку е дополнително оптоварување на затворскиот систем доколку 374 се внатре во затворите. За ориентација, земете неколку затворски установи, на пример, Штип, Прилеп и Тетово на едно, толку е бројот на активни пробациски случаи. Тој број треба да расне, тоа е иднината на затворскиот систем и растеретувањето на затворите.

Јовица Стојановиќ, в.д. директор на Управата за извршување санкции (фото: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ Медиа: Што се прави, а што не се прави, а треба – во областа на спроведувањето на санкциите?

Стојановиќ: Јасно е дефинирано што е исправно, што не во затворскиот систем. Тука соработуваме со највисокото контролно тело на ЕУ, тоа е КПТ ( Комисија за превенција од тортура) кои покрај затворскиот систем го мониторираат здравствениот систем и полицијата. Таму се јасно дадени препораките кои ние се трудиме да ги следиме и надминуваме во однос на владеење на правото и почитување на човековите права во затворскиот систем и борба со корупцијата за што не смееме да кажеме дека не постои и дека не се бориме против неа да ја елиминираме и тие што се приморани или притиснати од некого за нешто тоа да го пријават и тоа да се санкционира. И тие лица да не бидат составен дел од затворскиот систем.

ЦИВИЛ Медиа: Сте добиле голем број признанија за Вашата работа. Можете ли да издвоите едно?

Стојановиќ: Тоа е професија што со задоволство ја работам и никогаш немам проблем да излезам накрај со работните обврски. Ќе се навратам назад во деведесеттите , 1995 и 1996 година. МРТВ во тоа време имаше напис за состојбите во воспитно поправниот дом во Тетово. Се работеше за едно дете кое било оставено на улица, запоставено, е исправено на прав пат. Тогаш колегите на телевизиската екипа им рекле да ме почекаат мене затоа што тоа дете под мое раководство  стекнало позитивни и ги отстранило негативните навики. Се работеше за дете од Шутка. Тогаш и Центарот за социјална работа и судијата за малолетници дадоа огромен придонес. Тоа е нешто што те исполнува. Таа племенита работа, некого од кривични дела да го вратиш на прав пат, да оформи семејство, да работи, да деде придонес за општеството, е нешто што те исполнува во работниот век. Тогаш беше приказната дека еден од сто да се изведе на прав пат е огромен успех. Тоа е признание од колегите и медиумите.

Во однос на другите позиции што сум ги работел во работниот век, би издвоил неколку  измени на закон со кои им се подобрени условите на вработените во затворскиот систем, бенефиции, повисока плата, за да можат да се справуваат со предизвиците што ги имаат пред себе. Исто така, признанието од меѓународната заедница, кои сметаат дека правиме позитивен исчекор во промената на состојбите во установите. Таа работа како поединец не може никој да ја заврши. За тоа е потребен тим. Управата за извршување санкции несебично се дава себеси во извршување на работните обврски каде што водат сметка за сите установи во државата. А индивидуално кога сум во друга установа таму има друг тим којшто треба да се поттикне да се развиваат и да си ги извршуваат своите работни обврски и да направат позитивен исчекор за оние лица кои што правата негативна референца во затворскиот систем да се означат и отстранат од системот. Да не се доведуваме во ситуација како што е сега дека сите што работиме во затворскиот систем сме криминалци, подмитливи или сме корумпирани. Јас никогаш не сум прифатил таква квалификација за мене и се борам со сите сили, информации и соработка со институции кои што сакаат да помогнат, јас секогаш стојам на располагање.

ЦИВИЛ Медиа: Како изгледа еден ваш работен ден, на пример денешниот работен ден?

Стојановиќ: Краток ми е денот да ги завршам сите обврски. Што си ги поставувам пред себе како предизвици. Конкретниов ден веќе во 8 и 10 пристигнав во Скопје, во 8 и 30 минути имав состанок надвор од Установата. Потоа се вратив потпишав некои документи, во меѓувреме неминовна е комуникацијата со другите установи, во Министерството се видов со заменикот министер, сега сте вие, потоа продолжувам во Управата, па патувам за Штип, се движам, едноставно не сум човек којшто сака да седи, туку сакам да ги видам и да се уверам во состојбите какви што се. Да не се доведам во ситуација некој да ме лаже, да каже дека една состојба на терен, а јас да имам сознание е дека е нешто друго. Мојот телефон е достапен за сите. Не ретко се случува некои штитеници во затворите да ми пишат некоја порака, што ја проверувам со директорите и да се испостави дека се во право. Нон стоп сум во движење и после работно време сум достапен.

ЦИВИЛ Медиа: Што е следно за Вас и институцијата што ја водите?

Стојановиќ: Краткорочно, мислам дека во следните месеци министерот за правда, господинот Кренар Лога ќе ги процесира измените и дополнувањата на Законот за извршување на санкции и поддршката што ја дава во однос на документацијата што се процесуира во однос на КПД „Идризово“ е на ниво.

Во тек и вработувањето, како што реков, моја претпоставка и очекувања се дека до 15 август ќе бидат реализирани. Се надевам дека до есен ќе може да се распише тендерот за почеток на втората фаза за изградба и доградба на КПД „Идризово“, каде што се предвидени дополнителни кревети и централен притвор којшто ќе има 412 кревети капацитет. Локацијата е избрана во КПД „Идризово“, затоа што сообраќајната поврзаност е многу лесна и достапна и е надвор од населено место. Со завршувањето на тој проект граѓаните нема да бидат блокирани поради големи судски процеси.

Биљана Јордановска


камера: Атанас Петровски
монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Tags: затворски системЈовица СтојановиќпробицијаУправа за извршување санкции
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ