Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во своето излагање пред почетокот на разговорите за процесот на пристапување на земјава во НАТО, рече дека членството на Северна Македонија во Алијансата е мошне важно, не само за државата, туку и за целиот регион, како и за Северноатлантската Алијанса. Првиот човек на Алијансата потсети на успешно затвореното прашање со Грција, додавајќи дека храброста се исплатела и оти подобрувањето на безбедноста ќе значи и побрз економски развој за земајта.
Премиерот Зоран Заев рече дека НАТО на Македонија може да гледа како на стабилен партнер кој ќе го зголеми присуство на војници во мисиите на Алијансата во Авганистан и во Ирак. Северна Македонија веќе има бенефит од членството во Алијансата, рече Заев прецизирајќи дека било забележано зголемување на странските инвестиции, покачување на платите и намалување на невработеноста во земјава.
Состанокот ќе се одржи зад затворени врати.