• Latest
Јенс Столтенберг (фото извор: НАТО)

Столтенберг за Вашингтон Пост: НАТО сојузниците претставуваат 50 отсто од светската воена моќ и 50 отсто од светската економска моќ

May 12, 2023

Димал Баша избран за претседател на косовското Собрание по повеќе од четири месеци и 58 обиди

August 26, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава

August 26, 2025

Академски пленум на Србија: Санкционирањето наставници поради протести е дискриминација

August 26, 2025
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Светските лидери и новинарските зруженија со осуда на израелскиот напад во Газа во кој загинаа пет новинари

August 26, 2025

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ПРОПАГАНДАТА: Лажна фотографија од Запорижја – стар наратив, нова манипулација

August 26, 2025
Војо Маневски

Зимницата и тетратките бараат нови политики

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Француската влада ризикува колапс со гласање за доверба на буџетот во септември

August 26, 2025

Дитмире Шеху поднесе тужба до Управен суд против одлуката на ДИК за намалувањето на бројот на советници

August 26, 2025
Фото: шефот на канцеларијата на Навроцки, Збигњев Богуцки/ Х

Ветото на полскиот претседател не го загрозува пристапот на Украина до Старлинк, тврди канцеларијата на Навроцки

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Австралија го протера иранскиот амбасадор откако разузнавачката агенција откри дека Иран стои зад антисемитските напади на нејзина територија

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Столтенберг за Вашингтон Пост: НАТО сојузниците претставуваат 50 отсто од светската воена моќ и 50 отсто од светската економска моќ

Каква е иднината на војната во Украина? Лидерот на НАТО, Јенс Столтенберг, нуди увид состојбите и стратешките определби во интервју за Вашингтон Пост.

May 12, 2023 11:31
in ИНТЕРВЈУ, СВЕТ, ТОП 5
Јенс Столтенберг (фото извор: НАТО)

Јенс Столтенберг (фото извор: НАТО)

Share on FacebookShare on Twitter

Уреднички борд на Вашингтон Пост

Јенс Столтенберг е 13-тиот генерален секретар на НАТО, функција која ја има од 2014 година. Пред тоа, два пати беше премиер на Норвешка, вкупно девет години. Уредничкиот борд на Вашингтон Пост му постави прашања за руската војна против Украина и други клучни прашања за НАТО алијансата. Интервјуто, што се одржа минатата недела во седиштето на НАТО во Брисел, е едитирано од Пост, заради должината и јасноста.

Ли Хокстадер, Уредувачки колегиум на Вашингтон пост: Како војната доведе до тоа НАТО да ја ре-калибрира својата одбранбена положба и доктрина?

Генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг: Војната во Украина фундаментално го промени НАТО, но мора да запомниме дека војната не започна во 2022 година. Војната започна во 2014 година. Оттогаш, НАТО го има спроведено најголемото засилување на нашата колективна одбрана од крајот на Студената војна.

За прв пат во нашата историја, имаме спремни борбени трупи во источниот дел на алијансата, борбени групи во Полска, Литванија, балтичките земји, всушност, цели осум борбени групи од Балтичкото море до Црното море. Повисока подготвеност на нашите сили. И зголемени буџети за одбрана. До 2014 година, НАТО сојузниците ги намалуваа буџетите за одбрана. Од 2014 година, сите сојузници во Европа и Канада значително ги имаат зголемено трошоците за одбрана. Ја модернизиравме нашата командна структура, имаме повеќе вежби, воспоставивме нови воени домени како што е сајбер одбраната. Значи, сè заедно, ова претставува огромна трансформација на НАТО која започна во 2014 година.

Јенс Столтенберг (фото извор: НАТО)

Хокстадер: И покрај тоа, само седум членки на НАТО ја исполниле целта на алијансата да издвојат 2 отсто од БДП за одбрана.

Столтенберг: Прво, споредено со тоа каде бевме во 2014 година, има голема разлика. Бидејќи до 2014 година, одевме надолу. Сега, одиме нагоре.

Второ, НАТО сојузниците сите заедно, низ Европа и Канада, имаат додадено 350 милијарди долари за трошоци за одбрана од 2014 година, што е значително. Сé повеќе сојузници ја исполнуваат целта од 2 отсто и речиси сите сојузници имаат планови да го постигнат тоа за некоја година. И, секако, војната во Украина ја истакна важноста на инвестирањето.

Хокстадер: Како изгледа патот кон евентуално членство на Украина во НАТО?

Столтенберг: Пред сé, сите сојузници се согласуваат дека Украина ќе стане членка на алијансата. Сите сојузници се согласуваат дека Украина има право да го избере сопствениот пат, дека тоа не е на Москва да одлучи, туку на Кијив. И трето, сите сојузници се согласуваат дека вратата на НАТО останува отворена. Оттука, прашањето е кога, а за тоа не можам да ви дадам временски распоред.

Тоа што можам да го кажам е дека сега работиме со нив, да им помогнеме да преминат од опремата, доктрината и стандардите од советската ера во НАТО доктрина и стандарди, да ги направиме нивните воени сили интероперабилни со НАТО силите и да им помогнеме понатаму да ги реформираат и модернизираат нивните одбранбени и безбедносни институции. Итна задача сега е да се осигури дека Украина ќе преовладее како суверена, независна нација, затоа што ако Украина не надвладее, тогаш воопшто нема прашања за дискусија.

Јенс Столтенберг (фото извор: НАТО)

Хокстадер: Не сме виделе никакви вистински потези кон нуклеарно распоредување од страна на рускиот претседател Владимир Путин. Всушност, Кина предупреди против тоа, што треба да има некаква тежина во Москва. Дали треба светот сé уште да ги смета овие нуклеарни закани за веродостојни?

Столтенберг: НАТО во основа има две задачи во војната. Една е да ја поддржи Украина, како што и правиме. Другата е да се спречи ескалација. А спречуваме ескалација со тоа што апсолутно ставаме до знаење дека не сме страна во конфликтот и со зголемување на военото присуство во источниот дел на алијансата, како што и направивме – со 40.000 војници под командата на НАТО поддржани со значителни поморски и воздушни сили.

Има постојана дискусија за тоа уште кои видови на оружје треба да обезбедиме, а има и консултации кои се одвиваат меѓу сојузниците, исто така, за прашањето околу борбените авиони. Колку што е важно да се разговара за новите системи, исто така, е исклучително важно да се фокусираме на одржувањето на сите системи кои веќе сме ги испорачале – муниција, резервни делови, одржување.

Хокстадер: Во протекувањето на тајните документи „Дискорд“, видовме дека американското разузнавање проценува мала веројатност за големи територијални промени кои произлегуваат од претстојната украинска офанзива. Дали вие го делите тоа мислење?

Столтенберг: Значи, како прво, нема да ги потврдам информациите во тие протекувања, а знаеме дека барем некои од нив се манипулирани и неточни.

Второ, Украинците докажаа дека се способни да повратат територија.

Трето, од зимата, кога овие наводни протекувања се случија, има огромна и невидена испорака на ново оружје и муниција и резервни делови и обука. Значи, НАТО сојузниците и партнерите обучија оваа зима повеќе од девет бригади, кои се сега целосно опремени, екипирани и добро обучени. А тоа претставува значајна борбена моќ, вклучувајќи борбени тенкови, тешки оклопни средства. А и многу модерни системи за оружје.

Хокстадер: Дали е веројатно дека Кина би можела да одигра дипломатска улога во преговарањето за крај на војната?

Столтенберг: Досега, не успеаја да ја осудат незаконската инвазија на Украина, но го поздравувам тој разговор помеѓу претседателот Володомир Зеленски и претседателот Си Џинпинг.

Тоа што се случува во Европа е важно за Азија и тоа што се случува во Азија е важно за Европа. Затоа што, ако претседателот Путин победи во Украина, тоа е трагедија за Украинците. Но, тоа е исто така опасно за сите нас. Бидејќи тоа ќе испрати порака до претседателот Путин, но и до претседателот Си дека, кога користат воена сила, го добиваат тоа што го сакаат. А тоа ќе нè направи сите нас поранливи.

Јенс Столтенберг (фото извор: НАТО)

Хокстадер: Очигледно, НАТО е за Северен Атлантик, не за Пацифик, а сепак во војна за Тајван, американските воени бази во Пацификот лесно можат да бидат мета. Можете да замислите сценарио во кое НАТО е вклучен во конфликт со Кина?

Столтенберг: Да, НАТО ќе остане алијанса на Северна Америка и Европа, нема да стане глобална алијанса со членки од Азија, а нашата колективна гаранција важи за НАТО територијата. Второ, секој конфликт во и околу Тајван ќе има длабоки последици за сите нас. Трговијата, 50 отсто од бродовите со контејнерски товар минуваат низ Тајванскиот теснец. Значителен дел од сите полуспроводници на светот се произведува во Тајван. Значи, економските и трговските последици од конфликт во Тајван би биле огромни веднаш. А тогаш, секако, воениот конфликт исто така ќе биде важен за НАТО и НАТО сојузниците.

Хокстадер: Кажете ми ја, ве молам, вашата проценка за амбициите на францускиот претседател Емануел Макрон за европска стратешка автономија.

Столтенберг: Ги поздравуваме напорите на Европската унија за одбрана. Тоа што мора да го избегнеме е дуплирање и конкуренција, делумно затоа што ЕУ не може да ја брани Европа. Осумдесет отсто од трошоците за одбрана на НАТО доаѓаат од сојузници кои не се членки на ЕУ. Се работи и за географија. Доколку ја погледнете картата на НАТО, Норвешка на север и Турција на југ, но секако САД, Канада и Обединетото Кралство, тие се клучни за одбраната на Европа.

И тогаш политички, секој обид да се ослабне врската помеѓу Северна Америка и Европа не само што ќе го подели НАТО, туку ќе ја подели и Европа. Ако има нешто што научивме од војната во Украина, тоа е дека Северна Америка и Европа мора да застанат заедно. НАТО сојузници кои не се членки на ЕУ, како што се САД, Канада и Обединетото Кралство обучуваат украински сили од 2014 година. И, секако, обезбедуваат значителен дел – 78 отсто од поддршката за Украина доаѓа од НАТО сојузници кои не се членки на ЕУ.

Хокстадер: Што би значела втора Трамп администрација за американското раководство или за НАТО?

Столтенберг: Бев генерален секретар во периодот кога Доналд Трамп беше претседател на САД. Секако, имаше одредени несогласувања помеѓу НАТО сојузниците по различни прашања, од климатските промени до иранскиот нуклеарен договор.

Но, реалноста е дека по прашања за НАТО, всушност можевме да направиме повеќе заедно. И повторно, тоа ја покажува силата на НАТО, дека секогаш сме биле способни да се обединиме околу основните вредности.

Хокстадер: Анкетите покажуваат ерозија на поддршката за Украина, особено меѓу Републиканците.

Столтенберг: Јас сум апсолутно убеден дека силната двопартиска поддршка на САД за Украина ќе остане, не само затоа што е во безбедносен интерес на САД. Силно НАТО е добро за Европа, а поддршка за Украина е, исто така, добра и за САД, особено кога ги гледаме безбедносните предизвици наметнати од страна на Кина.

Ниту една друга голема сила нема 30 пријатели и сојузници како што САД имаат во НАТО. Ниту Русија, ниту Кина немаат нешто слично. И заедно, НАТО сојузниците претставуваат 50 отсто од светската воена моќ и 50 отсто од светската економска моќ. Така што, дури и САД, кои се секако убедливо најголемиот сојузник, имаат потреба од пријатели. Ако победи претседателот Путин, тоа е трагедија за Украинците и опасно за сите нас, вклучувајќи и за САД.

Јенс Столтенберг (фото извор: НАТО)

Хокстадер: Дали руски напад на критична инфраструктура како што се подморски кабли во сопственост на членки на НАТО или компании би предизвикал повикување на членот 5 на НАТО?

Столтенберг: За тоа треба НАТО да одлучи. Сега разгледуваме што можеме повеќе да сториме во однос на споделување разузнавачки информации, вклучително и со приватниот сектор, да се детектираат какви било потенцијални закани. Тоа е една работа. Другата е присуство, воено присуство, како начин за одвраќање, но и за следење.

Не може да го заштитиме секој сантиметар од секој интернет кабел, но присуството помага да се намалат ризиците и да се намали можноста за руското негирање. Видовме во изминатите години дека Русија не сака целосна конфронтација со НАТО, што би го активирала членот 5, туку се обидуваат да работат под прагот на членот 5. Значи, со хибридни, сајбер, прикриени дејства. И, секако, напади врз подморската инфраструктура – лесно се негира бидејќи е потешко да се следи.

Превод: Наташа Цветковска / ЦИВИЛ МЕДИА

Извор: Вашингтон Пост

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ