Стопанската комора испратила ново писмо до премиерот Христијан Мицкоски, во кое се вели дека го повлекуваат првото писмо до премиерот, во кое бараа измени, бришење на делови и пролонгирање на примената на Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат профитните маржи на трговците, дознава Телма.
Како што соопштуваат од Телма во писмото се објаснува повлекувањето на провот барање по дополнителни консултации со домашните производители на прехранбени производи, затоа што тие сметале дека со законот на најдобар начин ќе се уредат правилата и мерките за спречување на наметнувањето на нефер трговски практики кои отстапуваат од доброто трговско однесување.
Дополнително од комората, велат дека домашните производители на храна очекуваат дека со законот ќе се прецизираат постапките за утврдување на нефер трговски практики и дека ќе се подобри соработката на надлежните органи за спречување на нефер трговски практики, пренесува Телма.
Во првото писмо претседателот на Стопанска комора Бранко Азески побара да се избришат делови од Законот за нефер трговски практики со кој се ограничува рабатот што добавувачот му го одобрува на купувачот, како и да се прецизираат условите под кои купувачот може да ги врати кај добавувачот непродадените производи.
Б. Ј.