Во Општина Струмица започнуваат редовни вежби за евакуација во случај на пожар во основните и средните училишта. Овие вежби се организираат во соработка со директорите на училиштата и со учество на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица.
Градоначалникот Костадин Костадинов нагласи дека ваквите активности се дел од континуираните подготовки за брза и ефективна реакција при непредвидени ситуации и апелираше до граѓаните да не се вознемируваат при нивната реализација.
Ваквите тренинзи претставуваат значаен чекор кон подобрување на општата безбедност и треба да бидат проширени не само во училиштата, туку и меѓу граѓаните низ целата држава. Обучувањето на сите граѓани за правилна евакуација би придонело за подобра подготвеност и намалување на ризиците во случаи на итни ситуации.
A.M.